Невозможно е да гледаш американски филм од 30ите, а да не го забележиш специфичниот начин на кој зборуваат актерите. Уште поневозможно е да замислиш филм од 30ите во кој актерите зборуваат како тие денес.

Станува збор за специфичен акцент наречен „Mid-atlantic“, кој не е американски, а не е ни целосно британски. За разлика од другите природно настанати акценти, овој бил скоро-насилнички наметнат во периодите на фасцинација со девојките на Hitchcock. Високата американска класа и американските актери го изучувале овој аристократски акцент во буквална смисла на зборот.

За посликовито доловување на тоа што пробувам да го објаснам, приложувам еден забавен видео-исечок.

Една од теориите е дека mid-atlantic акцентот, употребуван од истата елитна класа која посетувала театарски претстави, преку театарот, дискретно навлегол во филмот. Со еволуцијата на технологијата, филмот за прв пат добил звук во 20ите, тоа бил периодот кога остатокот од светот за прв пат разбрал дека холивудските актери всушност зборуваат со mid-atlantic акцент. Некои од нив израснати со акцентот, други го усвоиле за да ги подобрат своите кариери.

Orson Welles го користи овој акцент во Citizen Kane (1941), а и многу други негови колеги од Златната ера на Hollywood, како Humphrey Bogart, John Wayne, Cary Grant и Katharine Hepburn.

За некои овој акцент е страшно иритантен, мене лично ми е многу симпатичен. Што ме тера да се запрашам, во кој момент Hollywood се откажал од овој харизматичен начин на зборење?

 

Comments

comments