Фотографии: Александра Костадиновска

 

Нема подобар начин да запознаеш некого од тоа да ги разгледаш нивните омилени ствари (освен од тоа да им ги читаш пораките на Facebook, нели). Затоа сега почнуваме нов серијал во кој ќе прашуваме локални ликови да ни ги покажат нивните омилени предмети.

Наречи се хипик, наречи се анти-конзумерист, ама сите имаме 10-ина ствари кои ни го прават животот поубав. Можеби ги собираш сите тефтери што некогаш си ги користела, можеби тајно со UHO уште од прва средно ги лепиш картите од концертите што си ги посетила или можеби пак веруваш дека откачената свеќа во форма на златна рипка што ја донесе од Португалија вешто ти го изразува карактерот, па пред да влезат гостите ја подбутнуваш понапред на полицата.  

Види, не сме добри во почитување на туѓа интима и на некаков си измислен ѕид што не требало да го прескокнуваме, и признаваме – многу сакаме да знаеме кои се предметите што секогаш кога ќе ги погледнеш се насмевнуваш.

Овој нов серијал на текстови го започнуваме со нашите пријатели, канцелариски-цимери и едни од нашите омилени македонски дизајнери, секогаш-прекрасно-облечениот пар Мики и Анастазија. Не случајно го избравме ова дуо кое во службен живот се нарекува KIOSK STUDIO, и кое неодамна го лансираше својот нов, неверојатен вебсајт – туку знаевме дека дизајнерите како нив наоѓаат особено многу инспирација во предмети, форми и околината која ги опкружува.

Во продолжение се нивните 14 омилени предмети, придружени со по едно прашање за секој од нив. Ова значи дека кога ќе ги читаш прашањата подолу ќе треба малку да скролнеш нагоре да видиш за кој предмет се збори, или да запамтиш, нели.

 

 

 

1. Ова е B&O bluetooth звучник, така? Која е последната песна (или албум) што го слушавте на него. Со други зборови, што слушаат М&A периодов?

Да, ова е B&O Beoplay A2.

Периодов најчесто слушаме: Poolside – Heat, Washed Out – Mister Mellow, Saint Etienne – Foxbase Alpha, Christian Löffler – Mare, Blood Orange – Freetown Sound.

 

2. Колку чинат овие и од каде ги купивте? Сите во тимот сакаме по еден. Линк?

Си ги купивме на последното патување а чинат околу 30-50 EUR. Едноставен дизајн + покажуваат време + датум + светат во темница. Не ни треба ништо повеќе од еден часовник. Moже да се нарачаат од ASOS.

 

3. Кога би можеле да задржите само едно од овие, за кое би се одлучиле – наочарите или носот држач?

Дефинитивно „носот”. Најдобриот држач за наочари, ever. Кога го видовме се згазивме од смеење. Го има во зелена, црна и сина боја и може да си го најдете во Tiger.

 

 

4. Што е толку посебно со штипкава?

Ништо. Имаше празно место и ја ставивме да пополни простор. 🙂

 

5. Apartamento не е само прекрасен, култен lifestyle магазин, туку и оригинално потекнува од Шпанија, што мислиме дека вас само ви додава на поврзаноста со списанието. Кажете ни нешто повеќе за вашата љубовна врска со Шпанија.

Море, сонце, фестивали, музеи, вермут, тапас, вино, многу вино…

 

6. И ние ги гледавме овие од Hay Design и од прва се заљубивме во нив. Уште не сме си ги купиле, ама веќе точно знаеме што ќе чуваме во нив. Што чувате вие во нив?

Моливи, пенкала и по некој клуч.

 

 

7. Ова е синтисајзерот од спотот на песната One од Pharrell и Swedish House Mafia. Дали сте тајни Swedish House Mafia супер-фанови, или коинциденција?

Не сме SHM фанови и искрено, незнаевме за спотот. Иако делува како играчка, далеку е од тоа. OP1 е сериозно добар synth, ритам машина и tape recorder во едно. Во комбинација со Beoplay A2 прави чуда.

 

8. И двајцата се занимавате со фотографија, а пред точно една година по повод нашиот прв роденден не фотографиравте и нас. Зошто од апаратите кои ги користите овој го издвоивте?

Fujifilm x100S e брз, лесен и топ апарат за street фотографија. Наш најверен сопатник.

 

9. Tequilla или Rum? Или нешто трето? Една или повеќе дози?

We <3 cocktails а ова е совршен гаџет за спремање на истите. Моментална инспирација – Moscow Mule.

 

 

10. Како би одговориле ако 5 годишниот внук што ве праша „што е ова“?

Sant Jordi е каталонски празник каде што обичај е мажите да подаруваат цвеќиња а жените книги на своите најблиски; Мики си доби книга со интересни илустрации.

 

11. Ова е оружје. Не ни личите на насилни ликови… но нели, изгледот може да лаже. Explain yourselves.

Ова е толчникот од сетот за коктели во #9.

 

12. Слаткииии. Од каде е фотографијава, колку е стара? Ќе не поканите ли идниот месец на свадба?

Мал спомен од нашиот омилен фестивал за дизајн OFFF 2016 – Let’s Feed the Future.

Секако дека да. 🙂

 

 

13. Вазнава личи како наследство од некоја добра тетка од Белград. Од каде ви е и од која тетка?

Вазнава е купена за неколку евра на Flea market во Валенсија и ни е драга бидејќи има преживеано неколку куфери, возови, авиони а веројатно и војни.

 

14. Дали е ова sex toy?

Oh, yes… ама моментално служи како држач за накит. 🙂

 

Comments

comments