Фотографии: Борјана Јорданова и Јане Николоски

 

Минатата сабота (27 oктомври) во ресторанот Four се случи MINI дружба, организирана од страна на M Car и тимот нa Reborn.

Идејата на ова саботно матине, беше неформална средба на членовите на MINI клубот на М Car како и пријателите на MINI, кои се дружеа со последната генерација автомобили од MINI фамилијата.

Кога станува збор за главните играчи во приказнава, таа улога им беше доделена на оригиналните стилски MINI модели, кои освен препознатливиот уникатен дизајн, сега се комплетно приспособени за градско возење. 

Она што го направи настанот специфичен беше организираниот турнир во мини фудбалче, каде главната награда беше „Викенд тест возење со MINI Clubman“. Среќните добитници беа Бане и Даме кои после долга и мачна борба издвојуваа тесна победа.

Гостите кои беа дел од овој настан исто така имаа можност да дегустираат специјален англиски леден чај и MINI бургери од кујната на Four.  

Погледнете ја нашата галерија од настанот.

 

 

Comments

comments