Плажа, река, карпи, природни базени, технаџии и трансери овој викенд во гевгелиско Миравци.

Бел Рај Миравци (еден од најубавите македонски подиуми под отворено небо) ја отвара сезоната 2017 овој викенд, на 28 април. Bhooteshwara и Mosaik Kollektif ве канат на 72 часовна техно и транс програма со над 30 изведувачи.

Првиот ден е посветен на техно програмата, каде што Mosaik Kollektif со гордост го најавуваат настапот во живо на холандското дуо Artefakt кои за прв пат во нивната кариера ќе настапат на Балканот. Домашна поддршка оваа вечер ќе бидат Herzel (Александар Гроздановски – техно/хаус продуцент од Битола) кој ќе настапи во живо и Самоил Радински и Mosaik Kollektif со ДЏ сетови.

Наредните 2 дена, забавата продолжува со транс програма на која ќе настапат преку 20 транс артисти од Македонија, Грција, Германија, Хрватска, Србија и Црна Гора.

Влезниците се пуштени во претпродажба во ПОЛА ЈУГОТОН и на продажните места на www.kupikartizase.com по цена од 1200 денари за целиот настан (нa врата ќе чинат 1500 денари) и дневни карти по цена од 600 денари.

Погледнете мала галерија од Миравци 2016-та.

 

 

Организаторите најавуваат одличен звук, специјални проекции и УВ декор, како и простор за бесплатен кампинг, храна и пијалоци по пристапни цени.

Почитувајте ја природата.

 

Comments

comments