Andreas Hz (Андреј Анчевски), Martchin (Мартин Чанаќевиќ) и Kроном (Димитар Николов), утре настапуваат во „Griessmuehle“, вториот најголем клуб во Берлин.

Поканети се како дел од македонскиот електронски фестивал „Desonanz“, a освен што ќе имаат настап ќе бидат и куратори на интернационалната програма. Журката е во ко-организација на клубот „Griessmuehle“ и „Kilekill“, најголемата германска издавачка куќа за електронска музика.

Ова претставува значителен чекор и признание за фестивалот „Desonanz“, но и ексклузивна промоција на локалната сцена. За првпат македонска екипа има шанса да се претстави во ваков значаен клуб и да го прави тоа рамноправно со големите светски „играчи“.

 

 

На втората сцена, паралелно со „Desonanz“ ќе настапува германската екипа „Ismus“, кои се резиденти на клубот. А што се однесува до интернационалната програма, од „Desonanz“ ги одбраа артистите: Ontal (Србија), Rommek и Torn Relics (В. Британија).

Ваквиот настан и успех се поклопува со јубилејот на „Desonanz“. Фестивалот годинава слави 10 години од своето постоење, а ќе се одржи на крајот од октомври, за што Андреј и Мартин најавуваат отворање со гала-концерт со Македонската Филхармонија.

Ние од Reborn пак, ви најавуваме наскоро интервју со екипата од „Desonanz“, во кое ќе ги споделат своите Берлински доживувања, како и ексклузивно инфо за овогодинешното издание за фестивалот.

Извор: https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/08/77961/

 

Comments

comments