[Рецензија] „Youth“ од Paolo Sorrentino
РЕЖИЈА: Paolo SorrentinoАКТЕРИ: Michael Caine, Harvey Keitel, Rachel Weisz, Jane Fonda, Paul DanoЖАНР: ДрамаВРЕМЕТРАЕЊЕ: 119 мин.
4.0Overall Score
Reader Rating 11 Votes

Потребата еден филм да се поврзе со друг, а првиот режисер да се спореди со вториот често завршува како навреда за двата.

Особено кога станува збор за филм снимен 40 години порано и филм кој делумно ја создаде филмската историја. Шансите се дека на едниот ќе му биде навредена култноста, а другиот ќе остане засекогаш обележан како неоригинален и како безбеден отсјај на нешто што било пред него.

Paolo Sorrentino, според многумина, е Federico Fellini на денешницата. Неговиот претпоследен – „La Grande Bellezza“ од 2013 беше споредуван со „8 ½“ и „La Dolce Vita“. Да, неговите филмови содржат голем број felliniesque елементи, но истото важи за скоро сите италијански филмови денес кои се повикуваат на италијанскиот neorealismo.

Иако неговата фасцинираност со Il Maestro е очигледна, Sorrentino е искрен одраз на Италија-денес. Комбинација на италијанската софистицираност и чистотата на американскиот Холивуд. Неговите ликови, со максимална италијанска наивност, те убедуваат дека не знаеш да уживаш во животот како што уживаат тие. Но на тоа италијаните едноставно, гордо би изјавиле – Grazie dio che siamo italiani!

youth-848x425

La Giovinezza“ е приказна за Fred Ballinger (Michael Caine), пензиониран композитор и диригент, кој заедно со својата ќерка Leda (Rachel Weisz) и својот пријател Mick Boyle (Harvey Keitel) престојуваат во прекрасен хотел/спа во Швајцарија, обиколен со прекрасни тоблероне-погледи од швајцарските Алпи. Иако атмосферата на филмот е без дилема италијанска, сите главни ликови се британци. Тоа често е случај со протагонистите (не само во филмови) од италијански автори (на прва помислувам на „Blow-up“ и „Dylan Dog“).

Покрај овие ликови, во филмот се појавуваат и уште неколку прекрасно изделкани карактери. Fred развива пријателство со младиот холивудски актер – Jimmy Tree (Paul Dano), а во истиот хотел престојува и Diego Maradona (Roly Serrano) со неговата извонредна, огромна тетоважа од Karl Marx.

SET DEL FILM "LA GIOVINEZZA" DI PAOLO SORRENTINO. NELLA FOTO MICAEL CAINE, PAUL DANO E HARVEY KEATEL. FOTO DI GIANNI FIORITO

Sorrentino и неговиот директор на фотографија – Luca Bigazzi (дали на некој друг му звучи на Luca Brasi?!) ни сервираат прекрасни глетки од секаков тип. Италијаните оддамна сфатија дека наједноставниот начин за да направиш убава фотографија е ако таа е од прекрасни луѓе (а во комбинација со подеднакво прекрасна позадина).

Разговорите на Fred и Mick се освежителни разговори на луѓе кои го разбрале светот. Од оние кои сакаш да ги запишуваш за подоцна да си ги препишеш себеси и да звучиш мудро. Но сè звучи паметно кога си стар и носиш црна ролка.

Додека Fred е класичен пример за огорченост и тврдоглавост на „стари години“, неговиот пријател режисер е пак претставник на втората група успешни уметници – оние кои не знаат како и кога да ја завршат својата кариера. Огорченоста на Fred Ballinger делумно потекнува од неговиот успех-неуспех како композитор, односно разочарувачкиот, огромен успех на неговото (a според него најлошо) дело – „Simple Songs“.

SET DEL FILM "LA GIOVINEZZA" DI PAOLO SORRENTINO. NELLA FOTO MICHAEL CAINE. FOTO DI GIANNI FIORITO

Покрај прекрасните изјави од типот на „интелектуалците немаат вкус“, едни од визуелно најпријатните сцени од филмот се:

(1) онаа во која Fred диригира стадо крави и нивните ѕвона

(2) онаа во која мис универзум и Fred се движат по чуден, тесен мост

(3) сцената во која посетители на хотелот тивко и искривено седат во сауна.

Paolo Sorrentino не е новиот Fellini. Зошто би бил? Тој само вешто режира филмови во стилот кој Fellini го измисли – римски.

 

Comments

comments