Од 1 до 4 ноември, во Скопје Мериот Хотел и Јавна Соба ќе се оддржи 18-тиот Моден викенд Скопје.

На овогодинешното издание на Моден викенд Скопје ќе имаме можност да ги погледнеме најновите колекции на голем број на домашни и странски дизајнери кои специјално креираа дизајни на тема „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна“.

Четиридневното модно случување ќе биде прогласено за отворено со роденденската ревија на дизајнерката Лидија Георгиева за колекцијата „Милион милји време“ во Скопје Мериот Хотел по повод 20 години од создавањето на брендот.

Првиот официјален ден од модниот викенд во Скопје (2 ноември) ќе започне со модна инсталација и перформанс од финалниот дел на проектот #sustainabestorymk во Скопје Мериот Хотел со капсулните колекции на учесниците и гостинките од Велика Британија односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо и една од водечките британски стилистки Ребека Рој. Понатаму вечерта ќе продолжи со модниот перформанс на дизајнерката Ирина Тошева за колекцијата есен-зима 2018/2019. Исто така во истиот ден за прв пат на Моден викенд Скопје ревија ќе има и дизајнерката Теодора Митровска со колекцијата “We Are Not Machines”. Првиот ден од модниот викенд ќе биде заокружен со журка во Јавна Соба. Повеке инфо тука.

 

 

Во сабота (3 ноември) модна ревија ќе имаат студентите од академијата „Џолев и уметности“ во Скопје Мериот Хотел. Во истиот ден ќе имаме можност да ја погледнеме „Future now“, најновата колекција на брендот за накит „SIGMA“. Веднаш потоа за прв пат кај нас ќе бидат презентирани моделите на „Matrons dresses“ и за крај на вечерта ревија на модната дизајнерка Олгица Ѓоргиева и нејзината најнова колекција „Bridges“ поддржана од „БИСИ“.

Есенското издание на Моден викенд Скопје 2018/2019 ќе го затворат модните парчиња на „error kolektiv“ и нивните три брендови: „Atami“, „Em Ellephantski“ и „[0.10] error of harmony“, а за крај на вечерта ќе имаме шанса да ја погледнеме „Архетип“, ретроспективната ревија и колекција на Александра Јовановска.

 

Comments

comments