Факт: Сè уште невозможно e да ја почуствувате берлинската енергијата на било кое друго место во светот.

Во последниве години (па може да се каже и децении), Берлин и неговата татковина се лидерите на пазарот за електронска музика. Голем дел од пионерите во оваа музика, како Kraftwerk и Tangerine Dream потекнуваат од Германија. Можеби од тука произлегува и констатацијата дека токму Берлин е епицентарот на современата електронска музика.

Поврзано со горниот муабет, ако се сеќавате пред неколку недели имавме статија за еден релативно „нов” електронски бенд од Берлин – Howling. Аналогно на тој пост, сакаме оваа недела да ви го презентираме еден од највлијателните бендови од електронска берлинска сцена во изминативе години – триото познато како Moderat. А како мотив плус и беше денешната објава на Moderat за нов албум (насловен како III кој се очекува да излезе на 1 април 2016) и да биде проследен со светската турнеја.

 

 

Доколку ги споите имињата Modeselector и Aparat добивате збор кој соодветствува со името на германскиот електронски музички проект – Moderat. Овој проект е успешна соработка, започната во 2002 година, помеѓу берлинските артисти Sasha Ring (Aparat) и Gernot Bronsert, Sebastian Szary (Modeselector).

Moderat е производ на берлинска здрава креативност. Симбиоза настаната од индивидуални стилови, која сепак на крајот успева да функционира и да го обликува својот звук, создавајки моќна електронска музичка појава. Комбинација на „бас хероите“ Modeselector, и сосема спротивниот Aparat, производителот на електронските звуци измешани со амбиенталните поп елементи сето тоа демонстрирано преку една емотивна слоевитост.

 

 

Доколку го следиме развојот на нивното индивидуално и заедничко творење ќе видиме дека постои огромно созревање и стекнување на искуство, но без жртвување на препознатливиот тинејџерски пргав дух.

Како и да е нивната цел е остварена, фановите на Moderat од „dancefloor слушачи“ се претворија во „headphone слушачи“ кои како публика се многу потешки за придобивање, но многу полојални ако успеете да ги придобиете. Токму тоа го сторија Moderat.

Заклучокот е следен. Се работи за електронска музика со кратки мелодиски линии, структуирани поп вокал делови и моќни иновативни бас и жичани елементи. Комплексно, но дисциплинирано функционирање на тројца продуценти, миленици на Thom Yorke (Radiohead). Ова последното ќе ве натера да ги преслушате…

Mit liebe von Berlin… Moderat

П.С. Со појавувањето на првиот успешен албум (I Moderat 2009), тие достигнуваат ниво каде се рангирани во најдобрите седум, а подоцна и носители на листата артисти кои треба да се проследат во живо.

 

Comments

comments