Фотографија: Андријана Тилич
Пишува: Вања Штркова

 

Најголемиот предизвик во дизајнерскиот свет, а особено во областа на внатрешното уредување, е спојот помеѓу класичното и модерното.

Во овој проект тимот на Смарт Ливинг, користејќи огледални површини и столарија во висок сјај, направи симбиоза која оддава чувство на модерен луксуз. Вметнувањето на кристал и мермер заедно со сензибилен колорит, создаде една отскочна даска од класичниот начин на уредување. Фотеља во виолетов плиш и кристални лустери ја надополнуваат луксузноста на кожната Kanaha од Ditre Italia.

Иако најмногу доминира отворениот простор и смиреноста на боите, ексцентричноста ја дава мермерниот ѕид, кој е збогатен со вграден декоративен камин.

 

 

Comments

comments