Можеби една девојка е убава кога има добар стил, но за да ја наречеме икона, мора да биде страшна мангупка.

Факт е дека ако си жена и сакаш мода, постои една од овие „мангупки” која те инспирира да ја облечеш бундата кога е ладно, да ставиш црвен кармин, да купиш adidas superstar или да носиш строго фармерки со висок струк.

Прва, во мојата низа на модни и стилски икони, влијателни, силни и убави жени е Brigitte Bardot. Парижанката со надимак „sex kitten“, која и покрај успехот никогаш не се откажа од снимањето француски филмови. Актерка и модна икона која и ден денес нè инспирира и остава без здив. Активистка и борец за правата на животните, се само пар факти кои една жена ја прават уште поубава.

1443555099-brigitte-2

Додека ги листав фотките од нејзината младост, добив чувство (љубомора?) дека вистински знаела да ужива во животот. Разгледајте подолу, којзнае, можеби ќе решите да ја смените фризурата, да си купите шешир, да намалите со штиклите или да направите нешто што навистина ќе ви го смени животот, можеби дури и ќе посвоите животно.

bb_1000x0

Фризурата. Кога ќе помислиме на Брижит Бардо прво што секогаш ми паѓа на памет е нејзината препознатлива коса

4d3cd6a56ef1def1c8a6d5908ecc18d6_large

Морнарски маички во Saint-Tropez

15-stripes-spring-2015-habituallychic-brigitte-bardot

Пробувам да копирам од неа: црн туш и блед кармин

Вистинска французинка во балетанки, марами, шапки и баретки

straw-hat-bardot

Бурниот љубовен живот и нејзиниот најдобар аксесоар – Serge Gainsbourg

Сцена во кревет со Jane Birkin

Зошто е лето, ако не за целосно да го поминеш во краток шорц и бикини?

steps

Подобро од деколтирана маичка е маичка со голи раменици

brigitte-6

Потсетува да не ги заборавиме оние кои не можат да се грижат за себе, животните

brigitte-9

Секогаш избира музика, дури и кога не е толку добра во тоа

 

Comments

comments