Камера: Михаил Намичев и Александра Костадиновска
Монтажа: Михаил Намичев

 

Кој е најпопуларниот пијалок за 2016-та, прашуваш?

Па реално, не сме сигурни. Според некои не-толку-битни сајтови на интернет, најпопуларен пијалок во 2016-та во Америка бил Old Fashioned. Но тоа не ни значи ама баш ништо на нас тука, локално. Затоа решивме да се уозбилиме, па самите да „истражиме” и да го прогласиме пијалокот на годината.

Според искусните алкохоличари во нашето друштво, локални гурмани, пар тренд-сетери и неколку бармени, коктелот на годината (па барем во Скопје), е Мохито. Сигурно сме пристрасни, зашто сите во тимот сме големи фанови и летово „go-to” пијачка (а дома, а во кафич) ни беше токму Мохито.

Со моќта дадена на нас од интернетот, ја злоупотребуваме оваа прилика за не-официјално да го прогласиме Мохито за пијалокот на 2016-та. А ако некој има нешто против, спремни сме за Facebook-коментари-дискусија.

Иако ќе речеш дека Мохитото не е новогодишен пијалок per se (али па јас ќе речам дека никогаш не се знае, можеби ќе стане!), решивме да направиме кратко #rebornfoodporn видео (заедно со Мики и Александра) за да го споделиме нашиот добро-извежбан рецепт за перфектно Мохито.

 

 

Comments

comments