DJ UX, молекуларна гастрономија, биотехнологија, кавијар од мед… се под еден кров. Овој четврток во Каса Бар.

Серијалот од настани кои ги организираме во партнерство со Neuland продолжува овој четврток (13 септември) со „Molecular“. Овој пат во фокус е сетилото за вкус, а концептот на настанот е дело на Les Scientists, платформа која работи на Bottega Eventi. Екипата, составена од научници во полето на храна и биотехнологија, за прв пат своите експерименти со молекуларна гастрономија, инспирирани од секојдневната наука, со јавноста ги сподели пред две години на Skopje Design Week.

 

 

Тимот на Les Scientists го предводи Јана Клопчевска, прехрамбен технолог, професор на Техлоношки факултет по фармацевтска технологија – Магистер по биотехнологија и доктор по хемиско инжењерство. Таа на настаните од ваков тип работи заедно со колешката Мишела Темков и студенти од Технолошко-Металуршкиот факултет во Скопје. Нивна инспирација се новите насоки на производство на модерна храна која ќе ги отвори сите сетила на нашето тело и ум.

Настанот ќе започне во 21.00 часот и ќе се одржи во Casa Bar. За музиката ќе биде одговорен UX.

 

Comments

comments