На 28.03.2018 (среда), со почеток од 20.00 часот, во просториите на Даут Пашин Амам ќе се одржи „Монохроматика“, концерт на современа музика во склоп на настанот Денови на Македонска Музика.

„Монохроматика” е едната половина од проектот на студентите на Факултетот за музичка уметност од Скопје реализиран во соработка со студентите од Машинскиот и Архитектонскиот факултет, кој ги опфаќа концертите „Монолози“ и „Монохроматика“. Тие претставуваат дихотомен пар на двата елементи на современета композиција во Македонија: фолклорот и модерното и традицијата и прогресивниот музички израз.

Репертоарот на концертот ќе се состои од 10 интерпретирани дела од македонски композитори, изведени од уметниците Ива Дамјановски, Тамара Коминовска, Верица Ајтовска, Ивана Стојановска, Антоние Весковски, Весна Ангелова Христов, Ема Анансиевска и Ивана Јордановска кои преку музички перформанс ќе се фокусират на афирмација и откривање на богатото и разновидно творештво на Македонските композитори.

Пропратно на музичката изведба ќе биде поставена site-specific инсталација „Specular“ од Ема Велковска и Ангела Стефановска, каде преку визуелизација и рефлексија на материјалите се создава синхронизиран синкретичен спој на музиката со визуелниот перформанс, во поинаков концепт со цел да ги вклучи сите сетила во слушање и доживување на просторот и музиката.

 

Comments

comments