Доколку овој викенд (17 – 19 август) сте во Гевгелија или сакате да се прошетате до таму, ќе може културно да се надградите и да се забавувате на „Мозаик фестивал – културна артикулација“.

Фестивалот започнува во петок во „La Terassa“ од 21.00 часот, со проекција на филмот „Bluberry Hill“, кој е во режија и по сценарио на Јордан Дуков. Потоа, на истата локација, забавата продожува со музичките настапи на Филип Динев Трио и Filch.

Следниот ден, сабота, од 20.00 часот, во библиотеката „Гоце Делчев“ ќе биде промовирана книгата „Илустрирана библиска етика“. Станува збор за графичка новела во која учествуваат 8 македонски ликовни уметници, а уредник е Иван Ивановски.

 

 

По промоцијата, со почеток од 22.30 часот, во кафе бар „U“, музички настапи ќе имаат Herzel и Михаил Петровски. Вечерта и фестивалот ќе бидат заокружени со журка во „Defacto“ од 1:30 часот. За забавата ќе се погрижат С.А.Ф. и Mosaik Kokelktif. Најавено е и визелно, огнено шоу на Fuzzbubble екипата и Vladimir Balance.

 

Comments

comments