Уште едно издание со нова доза понеделнички музички препораки.

Препораките повторно се шарени, како оние од минатиот пат, а со цел да се задоволат сите музички вкусови и потреби за пред сè за да се достигне една добра основа во модерната музика. Овој пат во селекцијата воведувам и микс за медитација/контемплација.

 

Mol – Mengelmoes 15

На миксов налетав пред неколку недели пребарувајќи „Dego” на Mixcloud, сакајќи да најдам некоја селекција од фанк продуцентот со искршен ритам, вниманието ми го привлече насловот на миксов во кои беа нафрлени неколку имиња (Flying Lotus, Wu Tang Clan, Alice Smith…). Според имињата, звучеше како нешто што одлично би „возело“ додека работам, па му дадов шанса на миксот кој впрочем е одличен. Миксот е снимен од Mol, за Ness Radio, на Mixcloud бил прв во листата на соулфул миксови, втор во хип-хоп миксови. Станува збор за одлична селекција на нова хип-хоп, соулфул-хаус и класична хип хоп музика, а еден од моите фаворити е Maurice Fulton, ремиксот на Love Endeavor, песна која ми е особено драга и често наоѓа место во моите сетови.

 

 

 

 

Secretsundaze – Clubberia Podcast

Диџејското дуо од Лондон Secretsundaze“ составено од James Priestley & Giles Smith е одговорно за најегзотичните настани во богатата Лондонска клубска сцена: Secretsundaze. Се работи за дневна журка која се случува во недела, на откачени локации, секогаш со фантастичен состав на Диџеи. Нивни гости се легенди како Lil Louis, а редовни се артисти како DJ QU и Palms Trax.

Миксов е снимен за Јапонскиот подкаст серијал Clubberia додека дуото патуваше на светска турнеа. Се работи за хаус микс во кој преовладува ритмичен вајб од почеток до крај. Миксот го имам преслушано повеќе пати, секогаш си наоѓам по нешто ново во него и мислам дека време е да го споделам со вас.

 

 

 

 

Call Super – Dekmantel Podcast

Минатото лето овој микс ми претвори неколку патувања во еден краток миг. Call Super, одличен Диџеј и продуцент. Неговата продуцентска страна е малку поекспериментална, не е чисто клубски ориентирана, додека како Диџеј тој секогаш пушта фантастична селекција од диско/хаус/електро музика. Миксот е снимен за Dekmantel, промо организација од Амстердам која ги организира едни од најдобрите фестивали во Европа.

 

 

 

 

DJ Deep – Detroit Mix

DJ Deep од Париз е хаус/техно диџеј кој на сцената е активен повеќе од 20г. Миксов го најдов барајќи друг негов микс, снимен во 1994г., во кој имаше тврда гето хаус музика и беше единствен негов микс од 90-тите кој можеше да се најде на интернет. Во меѓувреме тој ги закачил на интернет сите негови миксови, па така имав задача да одберам еден од вкупно 40-тина. Во миксов поголемиот дел од музиката е од Детроит, градот на техното, содржи многу песни кои често ги пуштам, ги сметам за класици и сметам дека секој треба да ги знае. Миксов е лекција по музика од Детроит.

 

 

 

 

Astral Vibes – Dorothy Ashby/Alice Coltrane

Во неделата секогаш одвојувам и време за контемплација на сето она што ми се случува. Во овие моменти сакам да ја погодам музиката со состајбата на мир. Миксот е едноставно селекција на неколку композиции од Dorothy Ashby и неколку композиции од Alice Coltrane.

Двете артистки се реномирани џезери, свират повеќе инструменти, а се особено познати како исклучтелни харфисти. Нивниот џез е оној тип на џез каде има фокус на духот, па тоа ја прави нивната музика одлична за времето за контемплација. Инаку Alice Coltraine е сопруга на легендарниот John Coltrane и баба на Flying Lotus (мислам дека ова објаснува зошто неговата музика звучи така како што звучи).

 

 

 

 

Comments

comments