Како одговор на барањата за продолжување на рокот на конкурсот, рокот за аплицирање е продолжен до недела, 22 мај.

На 19 мај ќе се одржи Музеј Дебар Маало #2. Да, сè уште немаме објавено никакви информации и детали за настанот, кој за прв пат го организиравме минатата година во септември, но ќе објавиме наскоро. За сега може да кажеме само дека ќе биде поголем од првиот и дека меѓу другото ќе вклучува арт инсталација, која ќе ја избереме заедно со Red Bull, преку овој конкурс.

Ако се сеќавате од минатата година, Музеј Дебар Маало е настан во кој на една вечер повеќе локации од маалото стануваат различни простории од музеј, секоја од нив посветена на различен аспект од уметноста.

Оваа година, една од овие „простории“ ќе биде Нано бар, која ќе биде поддржана од Red Bull и целосно претворена во арт-инсталација во чиј центар ќе биде сместен мал Red Bull фрижидер.

Затоа сега ги покануваме сите архитекти, дизајнери, креативни правници и економисти, да ни ги испратите своите идеи за како да изгледа оваа арт-инсталација како одговор на овој конкурс. Победникот на конкурсот ќе добие средства за да ја реализира својата идеја, ќе учествува во Музеј Дебар Маало 2 и ќе добие парична награда во висина од 100 евра.

 

Смисли креативен начин да го прикажеш фрижидерчето на Red Bull во Нано бар

 

Информации за конкурсот

Смисли креативен начин да го прикажеш фрижидерчето на Red Bull во Нано бар. Може да го декорираш самиот фрижидер, ѕидовите на Нано бар, да смислиш некое лежиште на кое ќе стои фрижидерот, осветлување за просторот, итн. Сè останува на тебе и твојата имагинација, но се разбира идејата треба да биде изводлива со буџет од 200 евра и една недела за реализирање.

 

Награда

(1) Ќе бидеш featured уметник на Музеј Дебар Маало 2 и единствен со цел локал посветен на неговото дело (2) Ќе добиеш 200 евра буџет за да го изведеш проектот (3) Ќе добиеш 100 евра парична награда.

 

Време траење

Конкурсот ќе трае скоро па 4 недели, од 24 април до 22 мај.

*Како одговор на барањата за продолжување на рокот на конкурсот, рокот за аплицирање е продолжен до недела 22 мај. 

По завршувањето на конкурсот и избирање на победникот на 22 мај, победникот ќе има една недела да ја реализира изведбата.

 

 

Како ќе биде избран победникот

Изборот на победник ќе се случи во две фази.

Најпрвин, од сите добиени решенија ќе направиме филтер на најдобрите 3. Изборот за најдобрите 3 идејни решенија ќе го направи специјално оформена и непристрасна Комисија, составена од експерти од полето на архитектурата, дизајнот и уметноста, кои ќе одлучат кои 3 решенија ќе преминат во финале и ќе се „натпреваруваат“ за главната награда.

Втората фаза е гласање на финалниот победник. Откако ќе бидат избрани најдобрите 3 идејни решенија од Комисијата, победникот ќе биде избран од страна на публиката преку нивните гласови на социјалните медиуми. Победник е оној кој ќе има најмногу гласови.

 

Како да учествуваш

Нема никакви ограничувања и лимити за тоа кој сè може да се пријави. На конкурсот може да учествуваат индивидуалци, но и групи од неколкумина. Сите решенија, испратени во било каков формат и од различни професии, се добредојдени.

На овој линк може да преземете фотографии од Нано бар, нацрт со детални димензии на просторот и нацрт со димензии од Red Bull фрижидерот.

Идејните решенија ве покануваме да ги испратите на dona@reborn.mk.

 

Нано бар за време на првиот Музеј Дебар Маало

 

Внимание

При смислувањето на арт инсталацијата, имајте на ум дека треба да биде инсталација чија реализација е возможна во рамки на предвидениот буџет и време за реализација.

 

Comments

comments