Минатиот септември, по повод нашиот втор роденден, за прв пат се одржа Музеј Дебар Маало.

А како што нè научија sci-fi филмовите со портали за патување низ времето, кога еднаш ќе ги отвориш портите кон нешто, тешко е да ги затвориш. Затоа се надеваме дека оваа сабота, на 2 јуни, немаш веќе ништо испланирано, затоа што за тогаш со почеток во 17.00 часот го закажуваме REотворањето на портите на нашиот еднодневен музеј, „Музеј Дебар Маало“.

Идејата за подигнување на овој „музеј“ дојде како обид за избегнување на притисокот од избирање на само еден аспект од културата на кој нашиот настан би се фокусирал. Сфативме дека не мора да избереме еден евент, кога може да направиме неколку евенти во едно.

Ланскиот музеј броеше 6 простории, исполнети со дела од над 70 локални артисти и повеќе од 2000 посетители. Овој пат, како што нè убедува логиката, треба да биде уште поголемо и погласно.

Затоа, оваа година музејот се проширува со вкупно 9 простории, секоја од нив сместена во различно кафуле во Дебар Маало и посветена на различен аспект од културата, и исполнета со делата од повеќе од 80 локални уметници. А по затворањето на кафичите, настанот ќе го заокружиме во летен Сектор 909 со Reborn-after.

На второто издание на „Музеј Дебар Маало“ те покануваме тактички да фатиш позиција во добар ќош во една од просториите или да му дозволиш на твојот fear of missing out да те прошета низ сите. 

Програмата, дизајн на Игор Делов, може да преземете тука.

Голема благодорност до Еуролинк Осигурување, Пивара Скопје и Red Bull за нивната подршка на„Музеј Дебар Маало“.

 

 

Фото: Стефан Рајхл

Музика [Винил]

Концерти на:

[20.00] Ставре Ангелаков

[20.30] The Local Blue

[21.10] Cóntact 59

[21.50] Rib

Куратор: Михаил Намичев

///

ДЏ програма:

[22.30] DJ Flooder x Edit Points (визуализации)

 

 

 

Ликовна уметност [Casa Bar]

Изложба на:

Шкипе Мехмети, Никола Радуловиќ, Ивана Мојсовска, Кристина Божурска, Стефан Младеновски, Ива Станковска, Ана Јовановска, Ненад Тонкин, Ана Миланова и Филип Велковски.

Куратор: Игор Таневски

Почеток: 17.00

///

ДЏ програма:

[17.00] Сашо Узуновски
[21.00] Ulterior

 

 

 

Фотографија [Thirio bistro bar]

Изложба на фотографии од:

Ирина Аврамовска, Даниел Чуклев, Борјана Јорданова, Тео Ангелковски, Бето Идризи, Иван Момировски, Ирина Крстевска, Христина Трајковска и Јане Николовски.

Куратор: Александра Костадиновска

Почеток: 17.00

///

ДЏ програма:

[17.00] Tabo Negett

 

 

 

Инсталација [Нано Бар]

Простор на Нано бар ќе биде целосно претворен во една голема уметничка инсталација. Заедно со Red Bull објавивме јавен конкурс, чиј победник, тим составен од Meleem Skopje и Error of Harmony, ќе ја реализира својата предлог-идеја, во чие јадро ќе биде сместено Red Bull фрижидерче.

Куратор: Red Bull

Почеток: 17.30

///

ДЏ програма:

[17.30] Boogie Man

 

 

 

Дизајн маркет [Кантина]

Продажба на рачно изработени производи од:

Mei Ro, Mario Maneski, Микери, Foreground Totebags, Andrej Pavlov, Pocket Gallery, Cactus Design, Vanja ShtrkovaVrchkovski – Native Materials Lighting, Shemko Illustrations, Just Because. Art & Design Studio, Mariguccha, Em Ellephantski, MightyJewelry, Melani Digit, Ana Zdravkova, Karlo Horvat, Elena Ristovska, Basileia, Cone., Magda Station, 5.do.12 и други…

Куратор: Теодора Ваклински

Почеток: 17.00

///

ДЏ програма:

[17.00] DJ Drazi Drags
[21.00] Еми Ермилова

 

 

 

Тетовирање на „слепо“ [Кантина]

Тату артисти од студиото Nameless Tattoo ќе тетовираат 10 храбри посетители на музејот со тетоважи по избор на тату-артистот!

Поради поголем интерес од што очекувавме, учесниците ќе бидат избрани преку лотарија. За да учествуваат во лотаријата, сите заинтересирани треба да се регистрираат во Кантина во текот на денот (пред почетокот на настанот), најдоцна до 16.30 часот. Тетовирањето започнува од 17.00.

Цена: 1000 ден. / тетоважа

Време: 17.00 – 21.00

 

 

 

Графички дизајн [Синдикат]

Изложба на постери дизајнирани од:

Дијана Димитриевска, KIOSK (Мики Стефановски и Анастазија Манасиевска), Игор Делов, Јана Мишева, Бисера Крцковска, PrivatePrint, Воислав Димитријевиќ и Венчо Милошевски.

Куратор: Димитар Попов

Почеток: 17.00

///

ДЏ програма: 

[17.00] Соња Исмаил
[21.00] Јанко

 

 

 

Перформанс [Кафе Круг]

[18.00 – 19:30] Импровизаторската театарска група „Настап” ќе ја претстави својата нова и актуелна претстава. Импров театарската група е составена од Тони Денковски, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, Сергеј Димовски, Мартин Манев, Андреј Цветановски и Димче Николовски – Димсата.

///

ДЏ програма:

[19.30] Berryquat

 

 

 

Дегустација на коктели [Speakeasy]

Во Speakeasy ќе се служи коктел мени по избор на Skopje Cocktail Week, дегустација на коктели и демонстрација на уметноста што стои зад нивното припремање. Сите коктели ќе бидат на промотивна цена од 150 денари.

 

Коктели:

Smirnoff Fresh & Clean
Smirnoff, fresh lemon juice, cucumber syrup, yuzu puree, lemonade

Gordon’s Basil sour
Gordon’s, basil syrup, lime juice

Captain Morgan Spiced Banana Sling
Captain Morgan Spiced, green banana syrup, Angostura bitters, lemon juice, apple juice

 

Почеток: 17.00

///

ДЏ програма:

[20.00] Сергеј Пулиос

 

 

 

Храна

Doggy’s и Кантина ќе служат специјално Reborn-мени со храна.

 

 

 

After party [Сектор 909]

По затворањето на кафичите, музејот ќе продолжи во летен Сектор 909 со after-party.

///

ДЏ програма:

[TBD] Александар ACID
[TBD] Самоил Радински

 

Comments

comments