Спремете се убаво, зашто оваа недела нема да престанеме да ви се заблагодаруваме што го посетивте  Музеј Дебар Маало.

Пред повеќе од неколку месеци го направивме првиот Reborn pop-up shop. Тогаш мислевме дека ќе биде настан кој ќе се одржи само еднаш, но како што најверојатно веќе забележа – од тогаш уште неколку пати ја поставивме оваа мала продавница.

Слично на тоа, сега откако еднаш ги отворивме вратите на Музеј Дебар Маало, веќе знаеме дека нема за долго да останат затворени. Си поминавме прекрасно, видовме прекрасни ликови, слушнавме прекрасна музика и разгледавме одлични фотографии, филмови, слики и скулптура.

Подолу е прилично голема галерија со фотографии кои ги направија нашите пријатели за време на настанот овој викенд. Се надеваме дека ќе се пронајдеш на некоја.

А, и да не заборавиме – фала ви (уште еднаш) на сите што дојдовте!

 

Фотографии: Александра Костадиновска

 

 

Фотографии: Елена Фиданска

 

Фотографии: Иван Момировски

Comments

comments