Дизајн: Игор Делов

 

Пред еден месец наполнивме 2 години, yadi yadi yada!

Тогаш беше на плажа и не те интересираше ништо повеќе од тоа дали со лежалките ќе добиеш и фрапе или само вода, ама сега те начекавме дома, рехабилитиран и спремен за забава. Тогаш ти шепнавме дека нешто спремаме, и еве го – не мислеше дека ќе те оставиме без соодветна прослава, нели?

По повод нашиот втор роденден на 30.09.2017 (сабота) со почеток во 18.00 часот ги отвораме портите на едно-дневниот „музеј“, единствениот во кој нема потреба да глумиш замислено и да се прашуваш дали очите ти зрачат со интелект – „Музеј Дебар Маало“.

Или накратко – најголемиот евент што сме го направиле досега. Не, чекај, не е еден евент, туку 6 евенти во еден.

Нашиот музеј има вкупно 6 простории, секоја од нив е сместена во различно кафуле во Дебар Маало и посветена на различен аспект од локалната култура и уметност, односно:

 

 

[Vinyl] Соба за аудио

Куратор: Михаил Намичев

Концерти:

18.30 – 19.30 Sunset Cruise

19.15 – 19.45 Fierce

20.15 – 20.45 Khara

21.00 – 21.30 Contact 59

21.45 – 22.15 Pluto’s Doubts

22.30 – 23.00 Funk Shui

ДЏ:

23.00 – 01.00 Martchin

 

 

 

[Синдикат] Соба за фотографија

Куратор: Александра Костадиновска

Изложба на фотографии одВиктор Наумовски, Лилика Стрезоска, Горан Поповски, Натали Башоски, Иван Дургутовски, Горјан Гилевски (Prozus), Весна Пукич, Мартин Јовчевски, Ерина Богоева и Марко Марјанович

ДЏи

18.00 – 21.00 Васо

21.00 – 01.00 Јанко

 

 

 

[Нано бар] Соба за скулптура

Куратори: Илија Димкоски и Кројан Бојан

Склуптура: За прв пат пред јавноста ќе биде изложена „Асфиксија“, скулптура на неверојатниот Жарко Башески

Свечено отворање на Собата за скулптура ќе биде во 19.30 часот

* За повеќе простор и маневрации фото-репортерите се поканети да направат фотографии од скулптурата помеѓу 5-6 часот, пред отворањето на настанот

 

 

 

[Casa bar] Соба за сликарство

Куратори: Мери Цветковска и Игор Таневски

Изложба на слики од: Милан Андов, Ангел Миов, Атанас Т. Ботев, Маја Кировска, Јана Јакимовска, Велимир Жерновски, Борче Богоевски, Елена Чемерска, Викторија Поповска, Марко Вујисиќ, Антонио Арангелковиќ (Tonyo San), Гала Насева, Иван Ивановски, Христина Зафировска и Марија Сортировска и Александра Ацеска 

ДЏи:

18.00 – 21.30 Зоки Бејбе

21.30 – 01.00 Соња Исмаил

 

 

 

[Кантина] Соба за филм

Куратор: Ана Јакимска

Проекција на филмови на: Милчо Манчевски, Ѓорче Ставрески, Марија Апчевска, Марко Ѓоковиќ, Владимир Митревски, Косара Митиќ, Тамара Котевска, Трифун Ситниковски, Лидија Мојсовска, Андреј Георгиев, Гоце Цветановски, Кристина Ризоска, Бранко Костески, Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Борјан Зафировски, Жарко Иванов, Георги Унковски и Владимир Лукаш

 

 

 

[Бруклински] Museum gift shop (Reborn pop-up shop)

Куратор: Теодора Ваклински

Производи од: Ѓорѓи Десподов, 0.10error of harmony, Андреј Павлов, Карло Хорват, Микери, Cactus, Матеја Николиќ, Меи Ро, AnArt, Антолог, Илија Димкоски и Wizart

ДЏи:

18.00 – 21.00 Бојан Чакра

21.00 – 01.00 In the mood (бенд)

 

///

 

Следи нè деновиве внимателно за повеќе инфо, наполни ги џебовите со конфети и дојди жеден во сабота, зашто ќе треба соодвенто да наздравиме.

Се гледаме следниот викенд. Лувр ќе пукне од љубомора.

 

Comments

comments