Засега знаеме само три работи за бендот.

Прво: Групата е составена од членовите на два успешни македонски бендови – Дени Крстев и Кристијан Лафазановски од Фонија и Мартин Митевски од YÖU, што навистина ветува. Дополнително, Васко Атанасоски (Балкан Велики) е важен дел од приказната. Нивното EP е продуцирано од Васко и дел од аранжманот и текстовите се негови.

Второ: Досега имаат издадено две песни кои се снимени, миксани и мастерирани во Студио 1060 (Скопје, јануари-март 2018) од Дени Крстев. Подолу можеш да ги слушнеш.

Трето: Следниот петок, на 6 април, со почеток во 21.00 часот, во Кофеин ќе се одржи слушачка промоција на нивното деби издание. Повеќе информации за промоцијата има тука.

 

 

Comments

comments