Фотографии: Елена Фиданска
Готви: Анја

 

Викендот е пред тебе.

Веќе си спремна со нови викенд филм препораки, останува уште да ти смислиме што да грицкаш. Што е далеку поважно од филмот што ќе го избереш и клучно за комплетно домашно-кино искуство.

Затоа што, признај, и кога би имала дома одличен проектор, пак ќе идеш на кино за да јадеш пуканки од кофа и да пиеш пиво од лименка.

Но домашно кино со вистинскиот филм, добро друштво и сочни грицки може да биде подобро од 3 часа во тесните црвени кино-седишта. Затоа што прво – на другарите секогаш можеш да им кажеш да џвакаат со затворена уста, второ – можеш да отидеш до ВЦ кога сакаш и трето – ако почнат да ти трнат нозете, секогаш можеш да се испружиш на земја.

Токму затоа во оваа епизода на Reborn кујна решивме да ти го шепнеме нашиот филм-рецепт за начос во еден сос.

 

Потребни состојки:
  • 300 грама чедар кашкавал
  • 200 грама обичен кашкавал / моцарела / brie сирење
  • Три супени лажици павлака
  • Една главица кромид
  • Два домати
  • Начос чипс (мексички или обични, прашање е на вкус)

 

1. Спреми ги преливите

Исецкај на ситни парчиња една главица млад кромид и два домати, а чедарот стопи го во микробранова.

 

2. Нареди ги слоевите

Префрли го чипсот во голем, длабок тањир, наизменично редејќи ред од чипст и ред од припремените состојки. Започни со кашкавалот, па продолжи со доматите, павлаката и на крај заврши со исецканиот кромид.

 

3. Уживај

Ова е најлесниот рецепт кој досега сме го објавије, но верувај, не е најневкусниот. Доколку сакаш да ги „зачиниш“ работите, можеш да додадеш и говедско мелено месо. 

 

Comments

comments