Фотографиите се превземени од https://nikolarr.tumblr.com/

 

Илустраторот Никола Радуловиќ е добитник на наградата „најуспешен автор и дело” на 12-тото Биенале на млади уметници при МСУ Скопје за неговата мултимедијалната инсталација „Book of Sclavin”.

Наградата која се доделува по петти пат, ја додели жирито во состав Јованка Попова, историчар на уметност и куратор, Ана Франговска, историчар на уметност и куратор и Ѓорѓе Јовановиќ, ликовен уметник.

Во своето дело „Book of Sclavin”, Радуловиќ успешно ги инкорпорира визуелниот и наративниот израз преку ликовни, текстуални елементи и анимација, притоа создавајќи дело кое кореспондира со актуелната политичка и социјална реалност.

„Book of Sclavin“ е електронско илустрирано/анимирано книжно издание. Илустрациите во книгата се претставени во GIF формат и сочинуваат циклуси на анимација кои се повторуваат бескрајно. Мистериозна капсула е централен објект во книгата и е прикажана на биеналето како објект-управувач со кој се навигира книгата.

Музејот на современа уметност на наградениот автор Никола Радуловиќ ќе му овозможи реализација на самостојна изложба во наредната 2019 година. Изложбата со дела од 12-то Биеналето на млади уметници насловено „Ќе биде ли доцна ако времето запре“ ќе биде отворена за посетители до 28 март 2018.

 

 

Comments

comments