Периодов сум во Board Game фаза, со сериозни мисли за смислување на нова, моја игра (а најмногу затоа што ако ги набавам сите игри кои би сакала, ќе треба 3-4 месеци да живеам на сончоглед и Цедевита).

Тоа во никој случај не значи дека не би им дала шанса на пар видео игри, а поготово тие етикетираните како “најчудни”. Подолу листа, составена од оние покомпетентните од мене, на најчудните видео игри од 2015 година.

 

imnull

IM null

Темелно, но не и недвосмислено, IM null е виртуелен свет за отуѓувањето во кој талкаш во црн простор, низ кој се наоѓаат расфрлани концепти, нацртани со бели линии. Бескраен автопат, жена која вреска по телефон, гробишта. Сите овие сценарија имаат едно нешто заедничко – темата на отуѓувањето.

Играј ја im null на mooosh.tv или на Game Jolt.

 

Screen Shot 2016-01-12 at 3.50.42 PM

Gardenarium

Доколку еден ден технологијата овозможи да ѕирнеш во нечија имагинација, една од првите места кои треба да ги провериш е главата на Paloma Dawkins.

Gardenarium може да ја купиш преку нејзиниот веб-сајт.

 

maxresdefault (1)

Hylics

Игрите на Mason Lindroth се препознатливо направени од глина и снимени во stop-motion, а оваа најмногу од сите досега.

Hylics може да ја купиш преку itch.io или од Steam.

 

Cx6hVz

Orchids to Dusk

Многу малку може да се каже за Orchids to Dusk, а да се избегнат информациите кои ќе го откријат најинтересното нешто околу играта. Во основа, станува збор за игра која ти овозможува да ги почуствуваш последните моменти на астронаутите пред да слетаат на непозната планета во моменти во кои им снемува кислород за дишење. Што ќе се случи со нив, останува на тебе да решиш, а најверојатно што и да правиш е однапред решено од околностите.

Orchids to Dusk е достапна за преземање од itch.io.

 

Selfie- Sisters of the Amniotic Lens

Selfie: Sisters of the Amniotic Lens

На прв поглед – одвратна, Selfie се отвора само откако ќе ги поминеш тестовите. Почнува со тебе, како седиш пред стар телевизор, муви насекаде околку тебе и мртво тело кое студено те гледа. Откако ќе ги задоволиш мазохистичките потреби на еден култ, ќе добиеш шанса да ја напуштиш сцената, а можеби како една од мувите кои летаа околу тебе.  

Selfie: Sisters of the Amniotic Lens може да ја купиш преку Steam.

 

Comments

comments