Во чест „испраќањето на вечните ловишта” на 2015та, исконтактиравме дел од нашата музичка сцена со една цел – да состават листа на најдобрите албуми издадени оваа година според нив.

Секоја од листите е специфична, изготвена со различен пристап, со посебен карактер и харизма. Па, би оделе и до таму да се запрашаме „што кажува изгледот на листата за еден музичар”?.

Како и да е.

Кога не си сигурен што е добро го прашуваш тој што најдобро знае, а после лажеш дека ти си го смислил одговорот. Така?

 

Гоце САФ

Joey Bada$$ – „B4.Da.$$”

Joey Bada$$ – „B4.Da.$$”

1. Joey Bada$$ – „B4.Da.$$”

2. Action Bronson – „Mr. Wonderfull”

3. Kendrick Lamar – „To Pimp A Butterfly”

4. Gangrene – „You Disgust Me”

5. Redmen – „Мudface”

 

Јане Јосифовски (Чиста Околина)

D'Angelo / The Vanguard – „Black Messiah”

D’Angelo / The Vanguard – „Black Messiah”

1. D’Angelo / The Vanguard – „Black Messiah” (Овој албум иако излезе средина на декември 2014, јас го сметам за 2015. 🙂 )

2. Run the Jewels – „Run the Jewels 2”

3. Dâm-Funk – „Invite the Light”

4. Homeboy Sandman – „Hallways”

5. Madlib / M.E.D. / Blu – „Bad Neighbor”

 

Мирко Попов

2015… навистина силна, но и јако персонална година на албумски план. Старите идоли истрчаа со неверојатно добри парчиња, а јас имав привилегија да работам и издадам две, за мене неверојатни албумски авантури. Но да почнеме со ред:

New Order – „Music Complete”

New Order – „Music Complete”

1. New Order – „Music Complete”

Моите музички, но и духовни идоли. Луѓето кои на мошне чувствителна возраст ми посочија на моќта на не-предавањето пред несреќите и конформистичкиот свет, но и музичката алхемија на современата електроника со душата на независниот рок. Последните големи албуми им беа Technique 1989 и Republic во 1993. Во 2015 го издадоа Music Complete и се вратија себе си, а воедно и нас во најдобрите денови на нашите животи. Сега сме само повозрасни и по-продлабочено уживаме во квалитетот и ненаметливата слоевитост кои ги носи нивната музика. Тоа се нарекува љубов.

2. Public Image Limited – „What the World Needs Now“

Уште еден „старец” на врвот на својата игра. Во седумдесеттите буквално го исмисли панкот, за веднаш потоа да го револуционеризира мешајќи го со диско, господинот Johnny Rotten, никогаш не направи компромис со својот уникатен музички и артистички израз. Напротив, го негуваше и развиваше, и на овој албум, се чини, дека покрај стандардно цепачката ритам секција, неговиот глас ја води играта и претставува највозбудливиот инструмент. Естетски крик на болеста на денешницата, која во обид да се изолира од емоционалното, напросто ми го скрши срцето. Додај на тоа сет фантастично напишани песни од истиот господин и ја добиваш највкусната супа од стар петел на сите времиња.

3. Paranoid London – „Paranoid London”

Деби албум на овој извонреден сет електронски музичари од Лондон. Acid House изразот беше доминантен во лудите екстази години кон крајот од 80тите и почетокот на 90тите. Но опстана како автентичен израз, и низ годините, преку интерпретациите на некои од најталентираните музичари ги доби своите албумски ремек дела. Едно такво, на самиот интелигентен врв на овој уникатен музички израз, поприлично сирово по танцовите рабови, но јако суптилно во музичката софистикација, доби во Paranoid London. Како вљубеник во квалитeтната музика и иновацијата, но и клубски диск џокеј, особено ги ценам ваквите музички парчиња.

4. PMG Kolektiv – „#ExYou”

Со мојот матичен бенд ПМГ Колектив го издадовме 6тиот по ред и досега најуспешен албум. Знаевме дека имаме зрела плоча со неколку силни хитови во рацете, но да бидам искрен, помалку ме изненади успехот на овој албум. Не утепаа од вртење на комерцијалните радио станици, што за нас не е вообичаено, а нашите песни стигнаа до најнеочекуваните уши наоколу. Помеѓу 50тина концерти во МКД и надвор, свиревме неколку навистина големи и значајни за бендот, кој полека достигнува некој вид зрелост и признание. Навистина голем и комплетно одживеан албум за мене.

5. Sethstat, Nikola Kodjabashija & Mirko Popov – „Se Plašam od Makedonci”

Во 2015та имав неверојатна привилегија да соработувам со некои од најталентираните музичари од нашата земја. Фабулозните џезери Sethstat и нашиот познат модерен компзитор Никола Коџабашија отсвиреле комплексен и музички врвен сешн, на кој решаваат да му додатат вокали. Среќниот избраник сум јас, а нивната музика ми дава сосем нови пространства за изразување и ми дозволува да отидам на места каде до сега не сум имал можност. Вокално и поетски ова беше збунувачки квалитетна авантура за мене, нешто за што сум благодарен, но и отворен и предизвикан за нови идни возбудувања. Јас сум среќен човек.

 

Fitz (Новиот Почеток)

Action Bronson – „Mr. Wonderful”-original

Action Bronson – „Mr. Wonderful”-original

1. Action Bronson – „Mr. Wonderful”

Никој не го заслужува првото место за 2015-та како ова издание. Албумов го ИСКИНАВМЕ со Цаци и моја екипа – на сите можни журки во 2015-та ни беше хитот! (Еве една журка овде). Инаку, генијален во секој поглед – стилски, лирично… и исполнет со многу опасни матрици.

2. Culture Development – „Еднаш свет изградив”

По мене, ова епско издание не само што е едно од најдобрите годинава, туку надминува и еден куп други од изминативе неколку години. Мислам дека целата приказна е перфектно склопена и дека ова е „Black” албумот на Culture Development.

3. Refused – „Freedom”

Во главно мразам reunions, и бев разочаран кога Refused „ненадејно” се вратија. Сметам дека кога ќе направиш „библиски” албум треба едноставно да прекинеш. Освен можеби ако не се вратиш со „новиот завет”, како што Refused направија сега. 🙂

4. Lana Del Rey – „Honeymoon”

Не толку генијален како претходните, но нежна и грациозна како и секогаш, Lana Del Rey има уште еден masterpiece во колекцијата. Мислам дека ова е фин и искрен мејнстрим албум, на кој се „залепија” многу андерграунд слушатели.

5. Not On Tour – „Bad Habits”

Овие „амери” се од Тел факинг Авив, а со мало задоцнување, ги открив оваа есен со најновово издание „Bad Habits”. Имаат неверојатна енергија и супер мелодии – цепаат одличен брз панк рок, у стилу Satanic Surfers. Во албумов се заљубив во првите 7 секунди.

 

Foolish Green

Tame Impala – „Currents”

Tame Impala – „Currents”

Snarky Puppy & Metropole Orkest – „Sylva” (Гишо Динев)

Шо може да тргне наопаку со Snarky Puppy? Само вашиот скептицизам и лош вкус. Без посебно објаснување, вистински софистициран класичен џез фјужн фанк, со еднаква распределба на виртуозност, музикалност и импровизација. Она што овој албум го прави совршено инструментално возење, е соработката на SP со Metropole Orkest.

Jacco Gardner – „Hypnophobia” (Ненад Стефаноски)

Прогресивен психоделичен ретро поп албум кој потсетува на разденување во некоја чудна долина, односно креирање на пријатна музика во сонливи ноќни часови. Одлични композиции со резонантни бас линии, акустична гитара, moog синтизајзери, глокеншпил и ведри хармонии. Низ целиот аудио колаж на Џако, преовладува и неговиот интересно процесиран вокал со емотивни зајадливи приказни.

Tame Impala – „Currents” (Теодор Бошков)

Овој албум претставува транзициски чекор на еден одличен музички состав кој го менува звучното руво задржувајќи го стилот. Доказ дека се работи за врвни и трудољубиви музиканти. Субјективно кажано, ми се допаѓа промената, бидејќи отсекогаш сум бил љубител на звукот на 80тите.

Fierce – „Fierce” (Дарко Стојоски)

Mакедонски современ jazz состав кој своето прво издание го промовираа неодамна (ноември ако не се лажам). Она што ми се допадна во овој албум е тоа што различните влијанија на музичарите излегуваат на површина во сите композиции и тие совршено се вклопуваат и надополнуваат. Добра музика, добар звук, добра продукција, добри музичари – што повеќе?

 

Fierce

Christian Scott – „Stretch Music”

Christian Scott – „Stretch Music”

1. Christian Scott – „Stretch Music”

Моментално еден од највлијателните млади трубачи во светот, воедно композитор и продуцент.

2. Kendrick Scott Oracle – „We Are The Drum”

Современ џез албум од тапанарот-продуцент Кендрик Скот што не здосадува.

3. Joshua Redman – „The Bad Plus”

Врвен саксофонист, адаптиран на бендовски концепт и програма. Класичен состав на инструменти, со модерни мелодии и композициски пристап.

 

June

Of Monsters And Men – „Beneath the skin”

Of Monsters And Men – „Beneath the skin”

1. Of Monsters And Men – „Beneath The Skin”

Бенд, за кој сите во ЏУН може да кажеме дека сме согласни, од кого црпиме инспирација последниве години.

2. Florence and the Machine – “How Big, How Blue, How Beautiful”

КРАЛИЦАТА!!!

3. Father John Misty – „I Love You, Honeybear”

Тајната љубов на Бојана

4. Foals – „What Went Down”

Прејак настап во живо, пре пре прејак!!!

5. Mumford & Sons – „Wilder Mind”

Промената на продуцентот како и исфрлањето на некои од акустичните инструменти и замената со електрични + додавањето на тапанар дава еден нов правец на Mumford & Sons. Правец кој многу ни се допаѓа и одма го прифативме, иако на некои им сметаше таа промена. Одлични 5.

 

Comments

comments