Една од највозбудливите работи околу крајот на годината, како лани, така и оваа, е изготвувањето на музички топ листи.

Најмногу затоа што е одличен изговор да „украдеме” по некоја информација од оние што знаат подобро од нас. Второ, затоа што од 2008-ма па наваму, имаме обичај квалитетот на годината да го мериме во број на издадени добри албуми. И последно, ама како што викаат Американците, не најмалку важно – затоа што е одличен начин да го процениме пријателството и соработката на Reborn од изминатата година со локалната музичка сцена.

Овој декември, своите листи со нас ги споделија: Васко од Bernays Propaganda, Khara, Дарко Димитриески од Зад Аголот, Мирко Попов од PMG, Contact 59, Ѓорѓи од SMUT и Hvshbrown од Eurotrvsh.

 

 

 

Ѓорѓи (SMUT)

 

Crowbar – The Serpent Only Lies

Малку бев тажен кога Down објавија дека Kirk Windstein не е веќе во бендот, но бев среќен кога ми текна дека сега ќе се посвети на својот матичен бенд. Со Crowbar нема утка, секогаш го добиваш тоа што го очекуваш. Мрсни тешки рифови кои мирисаат на мочуриштата од Њу Орлеанс во спој со добри текстови. Kirk е можеби најпотценетиот текстописец на планетава на пр. како да одолееш на текст кој се вика “The Enemy Besides you” или пак “As I Heal”? Текстовите му се потешки дури и од рифовите. Топло го препорачувам овој албум.

 

Avenged Sevenfold – The Stage

Овој бенд го пратам од нивниот почеток па дури им имам направено и интервју на времето кога беа само еден нов „надежен“ бенд. Овој албум излезе ненадејно без никакви најави од издавачката куќа или од бендот. Едноставно се појави. Се заинтересирав кога објавија кој ќе ја преземе улогата на тапанар. Тоа беше Brooks Wackerman кој долго време беше тапанар на моите омилени Bad Religion, а пред тоа лупаше во Suicidal Tendencies. Дента кога излезе албумот знам само дека реков ова нема да им се допадне на повеќето луѓе кои претходно ги слушаа. Стилот, аранжманите и текстовите се различни од се претходно што сме слушнале од бендот. Да не се лажеме песни во просек со должина од 7 минути не се за секого. Како што кажав тотално различен звук од тоа на што досега сме навикнати. Brooks Wackerman владее на албумот. Тоа што не успеа да го направи во Bad Religion, го слушаме тука!

 

Deftones – Gore

Бенд кој секогаш кога ќе издаде албум има некаков печат на него. За тој што не ги прати сигурен сум дека ќе каже дека издале уште еден ист албум, но не е така. Ретко кои бендови можат да постигнат да бидат во исто време поприлично мелодични и тешки. Секогаш оригални и свои. Колку бендови познавате што ќе стават на омот јато фламингоси во лет? Мислам дека не треба да ве зборувам кој е бендот и зошто баш овој албум.

 

Whitechapel – Mark of The Blade

Овој бенд исто така го пратам од првиот албум. Особено ми се допаѓа нивниот прогрес од генеричен death core бенд до моќна мелница од рифови. Овој албум беше во најава уште од претходниот албум „Our Endless War” каде почнаа рифовите да мирисаат на тоа што го слушаме сега. Одлична продукција, одлична атмосфера, моќ и конечно на тројцата гитаристи можеме да им ја почуствуваме нивната реална задача. Мелење на рифови со неверојатен грув. За вокалите да не зборам. Брутално ниски како и што се очекува од бенд како Whitechapel. Вокалите се белегот на овој бенд. Препорачувам!

 

King 810 – La Petite Mort

Не знам дали се приметува, но некако намерно избрав бендови и албуми кои сум сигурен дека „Метал Заедницата” ќе ги осуди како позерски и нема да ги задоволат нивните подрумски критериуми, кои како некој тренд се менуваат од година во година. Ако трендот минатата година беше дум метал и слаџ, оваа година премина во боите на депресивниот блек метал. Сепак ја сум човек што мрази трендови во музиката, а King 810 ги одбрав зашто се токму тоа. Бенд што не може да го сместите ни во метал ни во хардкор па ни во њу метал. Тие едноставно постојат. Ова е нивни втор албум, доаѓаат од Флинт, град кој ја има главната улога во нивните текстови. Се се врти околу тие текстови кои отсликуваат слика како сликар на платно. Текстописецот David Gunn во неколку наврати сум кажал дека е мрачното копиле на Nick Cave и Leonard Cohen. Рифовите постојат само за да ја појачаат неговата порака. Во неколку песни оставен е сам без музика во позадина. Само неговиот глас е сосем доволен да ви се наежи кожа. Прости рифови за подлога, одлична продукција и мрачна улична поезија!

 

 

 

Contact 59

 

Radiohead – A Moon Shaped Pool

Слушање на албумов е како влегување во светот на некој од филмовите на Tim Burton. Од Burn the Witch, како некој пречек, до самиот крај со A True Love Waits, како прегратка за збогум.

 

Red Hot Chili Peppers – The Getaway

Да бележевме колку пати е стиснато replay на албумов, ќе останевме без листови. Многу свеж.

 

Solange – A Seat at the Table

Со овој албум, со естетиката на мелодиите и спотовите на песните, Solange заслужи круна оваа година. Еден збор – божица.

 

Nick Cave & the Bad Seeds – Skeleton Tree

Тажно, меланхолично прекрасен. Асоцијација за албумов: црн чај.

 

David Bowie – Blackstar

Совршено goodbye.

 

 

 

Мирко Попов (PMG)

Многумина лесно ја отпишуваат 2016-та како мрачна и тескобна година, во која загубата беше норма, а светот просто уживаше во сопствените хомоцидни и десничарски ритуали. Музички, се чини како да сме во период на една масивна, но неописиво убава лебедова песна на културата и начинот на живот, наметнат од 50тите год. на минатиот век па наваму. Сепак, тоа не е неопходно лоша вест. Луѓето создаваат прекрасни дела и во најтешките кризи. А музиката, тој невидлив јазик на универзумот, стои недопрена од било која фраза или криза, поврзана со нашата симпатична цивилизација. Музиката е.

 

David Bowie – Blackstar

Кои зборови да ги употребам, а да не звучам банално?
Годината ја започнав слушајќи го овој албум неколку пати по ред. Сам, хај, воодушевен од музиката и зборувајќи си: овој не сака да умре, овој не сака да умре…И да не умреше човекот, ова ќе беше мојот албум на годината. Статистички најслушан, мегакомплексен на повеќе нивоа и стилски комплетно во центарот на мојот персонален музички интерес. Ми се причини дека Bowie звучи подобро од било кога. На многу начини и бев во право. Преслушувањето на неговата екстензивна дискографија во текот на годината ме однесе на разни страни, доживувајќи пат низ времето и блескави ери, се вратив назад на овој полнокрвен џезиран Bowie поп и повторно си викам: ова е албумот на годината.
Со својата смрт, Bowie стана поприсутен во мојот живот од било кога. Тука е господинот, цело време е до мене, ми шепка, ми зборува, ми пее, ми прави друштво. Никогаш нема да си отиде.

 

Brian Eno – The Ship

Вториот од светото креативно берлинско тројство (Bowie, Eno, Pop) со албум на годината. Токму така, ништо помалку од тоа. Во низата концептуални, „амбиентални” албуми, од време на време искрснува ремек дело, кое ги засенува купиштата музика од тој, или било кој тип и одговара на прашањето зошто побогу прават вакви плочи? Овој албум е токму тоа: совршенство…димензија за себе…светилник…Дело со кое големиот маг на современиот музички израз, господинот Eno може да се споредува единствено со самиот себе. Се поосамено е на врвот, дами и господо.

 

Iggy Pop – Post Pop Depression

Никогаш немал подобар албум. Смртта на пријателот (Bowie) и хипер-свесноста за сопствената смрт го донесоа овој господин и ветеран до ивицата од која пред да се падне, можно е да се направи незаборавно рокенрол ремек дело. Господинот Pop, собира извонредна екипа помлади колеги и прави еден длабоко интроспективен албум, кој во исто време е интимен, но и неверојатно комуникативен. Просто се вџашувам кога ќе помислам дека тој го затвара кругот на светото тројство од берлинските 70ти (Bowie, Eno, Pop), во исто време затворајќи го кругот на најдобрите три албуми на 2016та. Животиште.

 

Delroy Edwards – Hangin’ At The Beach

Очигледно е добар филм да се „виси наоколу” по плажите на Лос Анџелес. Кај и да е, надоаѓаат возбудливи начини креативно да се субординираат 40тина години искуство со електронска музика, видео игри и интернет. Delroy Edwards, преку својата прецизна и освежителна културолошка анализа на последниве неколку декади, успева да материјализира електронски звук кој ќе ги заведе и најпребирливите и најобразовани слушатели. Овој млад господин од плажите на Л.А. сака да го додаде своето име во низата каде Throbbing Gristle, Cabaret Voltaire, Aphex Twin и слични ним, го водат орото. Фатете се на орото додека е cool.

 

Wrangler – White Glue

Втор албум на актуелниот бенд на вокалистот/композитор на легендарните Cabaret Voltaire. Сепак Wrangler е повеќе од само новиот бенд на Stephen Mallinder. Нивниот industrial е хипер модерен, содржи слоеви ретро-футуристичка атмосфера и 200 кила валкан фанк. Ако на таа убиствено cool комбинација ја додадете збунувачката моќ на нивниот жив настап и дебелиот, но елегантен грув кој се одмотува на тие концерти (имавме и Wrangler концерт во Скопје минатиот ноември во МКЦ) ќе добиете еден од највозбудливите бендови на денешницата. Возрасно, елегантно и студено до топење.

 

 

 

Hvshbrown (Eurotrvsh)

Пет албуми + некои honorable mentions што се на рипит годинава на мојот телефон, а воедно и на целата екипа.

 

Kanye West – The Life of Pablo

Албумот на годината. Самокритичен, дрзок, емотивен, певлив и едноставно одличен. Must listen.

 

ScHoolBoy Q – Blank Face LP

Q ми е фаворит што почнав да го слушам благодарение на Kendrick Lamar и целата Top Dawg банда. Одличен flow, страшни битови и гостувања од најдобрите рапери во играта. Оxymoron (неговиот debut албум) газеше, а новоиздадениот софмор албум, исто така, си гази.

 

Young Thug – Jeffery

Малку луѓе го сакаат, ние го обожаваме. Предобар вокален перформанс, одлични рефрени и како бонус една од песните на албумот се вика Harambe. *Песните на албумот се крстени по неговите идоли.

 

RiFF RAFF – Peach Panther

Убавината на овој албум доаѓа од бизарноста на работите што ги збори Riff. Го следам уште од серијата From Gs To Gents и едноставно бев маѓепсан од неговата персона. Живее во сопствен универзум каде што ако кажеш „Top back – Neon python suplex“ е тотално нормално и поради тоа го прави албумов еден од најдобрите годинава (покрај фактот дека рефрените на албумот се едни од најпевливите рефрени на овие еуропски светови).

 

Travis Scott – Birds In The Trap Sing McKnight

Со гостувања од страна на Kid Cudi, Andre 3000 и Kendrick Lamar сигурен беше дека ова ќе биде албумиште. Да, албумот е пола чекор назад по неговиот деби албум Rodeo (што беше албумиште), но тоа не значи не дека не е еден од најдобрите албуми годинава.

Honorable mentions: Always Strive and Prosper – A$AP Ferg, Untitled Unmastered – Kendrick Lamar, Malibu – Anderson .Paak, Imperial – Denzel Curry, Coloring Book – Chance The Rapper

 

 

 

Васко (Bernays Propaganda)

 

A kaj da delam/Šetnja noću EP

Until Recently, I Thought I Had All The Time In The World

Deborah Harry EP

Sunset Cruise EP

Covek od staklo EP

 

 

 

Khara

 

Mogwai – Atomic

Explosions In The Sky – The Wilderness

Hammock – Everything And Nothing

Alcest – Kodama

Sleep Dealer – Aurora

 

 

 

Дарко Димитриески (Зад Аголот)

 

A Tribe Called Quest – We got it from Here… Thank You 4 Your service

Schoolboy Q – Blank Face

Anderson .Paak – Malibu

De La Soul – And the Anonymous Nobody

Marco Polo & Afro – Afro Polo

 

 

 

Мартин Георгиевски (Amplidyne Effect)

 

Bon Iver – 22, A Million

David Bowie – Blackstar

Minor Victories – Minor Victories

Radiohead – A Moon Shaped Pool

Jackie Lynn – Jackie Lynn

 

Comments

comments