Затоа што книга се суди по насловот, не по корицата.

Можеш да пробаш да процениш книга и по корицата, иако малку е tricky денес кога издавачките куќи пополека почнуваат да сфаќаат дека добриот дизајн продава. Неверојатно е колку време им требаше за да дојдат до тој генијален заклучок, нели?

За разлика од дизајнот, со добар наслов не можеш да згрешиш. Освен со оние non-fiction книги од типот на „Hooked – How To Build Habit-Forming Products“, кои доаѓаат со добра жолта корица и примамливо име, а кои во 90% од случаевите се само еден долг изџвакан напис од The New York Times.

За разлика од нив, кај добрите стари парчиња фикција можеш целосно да се потпреш на името на книгата. Иако има и онакви автори од типот на Stephen King, кој многу посилно верува во важноста на првата реченица во една книга, па завршува со објавени 55 новели со тотално нехаризматични наслови од типот на „Misery“, „The Stand“ и „Carrie“. Јас до некаде се сложувам со King и тврдам дека, да, првата реченица е неверојатно, одвратно важна, но кога веќе поминуваш месеци мислејќи ја реченицата, потроши уште 2-3 месеци во смислување на насловот.

Останатиот дел од овој напис е мојата скромна листа на книги кои можеш без двоумење да ги судиш по името и да не се покаеш ни на момент. Повод за конечно да ги соберам на едно место се двете нови изданија на издавачката куќа Полица, преводи на „Do Androids Dream of Electric Sheep?“ и „The Man in the High Castle“ од Philip K. Dick.

Секој зависник од добра научна фантастика веќе е свесен дека овие две парчиња литература заслужуваат место помеѓу најдобрите 50 научно фантастични книги некогаш издадени. Нема ни потреба од дискутирање на таа тема, но покрај на таа, Do Androids Dream of Electric Sheep?“ го заслужува првото место на мојата листа на книги со најдобри имиња. Токму затоа редовно ја подбутнувам понапред на полицата во дневна, да загарантирам неколку случајни (но тотално заслужени) погледи накај неа во текот на денот.

Имињата на книгите во листата ги оставив на англиски затоа што (1) не можев да ги најдам официјалните македонски преводи на сите книги, а не сум во состојба да изигрувам преведувач, и (2) затоа што добро име (и воопшто книга) се подеднакво добри на секој јазик.

 

Доколку сакаш да добиеш копија од книгата „Сонуваат ли андроидите електрични овци“ или од „Човекот во високиот замок“ од издавачката куќа Полица, напиши го твојот омилен наслов на книга во коментар на постот на Facebook. Доделуваме вкупно 4 книги, а случајните добитници ќе ги прогласиме во вторник (11.04.2017) во 12.00 часот.

 

Comments

comments