Седнав да направам листа на најдобрите Black Mirror епизоди и дојдов до еден интересен заклучок – приказните кои најмногу ме заинтригирале, ја делат истата тема. Тема која се чини дека само сè засилува и повторува со развојот на серијата, истата тема која ја одбележа целата последна сезона.

Технологијата постои за да решава проблеми. Во Black Mirror технолошките решенија создаваат нови проблеми кои (drumroll) не можат да бидат решени.

Првите две сезони на серијата ги истражуваа темните аспекти и последици на социјалните медиуми, отсуството на приватност и надзор, и насоката на reality TV. Сè ова е страшно, но се издржува.

Но, накаде на втората половина на втора сезона излезе божиќната епизода, „White Christmas“ (која јас тврдам дека е најдобра Black Mirror епизода досега) во која за прв пат ја вкусивме вистинско страшната прогноза за иднината: идејата дека нашата свест еден ден ќе може да биде дигитално извадена и копирана.

Од „White Christmas“ (објавена во 2014) па наваму, серијата станува сè поопседната со темата – трансфер на свест.

 

White Christmas (S03E04)

 

Во најновата сезона, сите шест епизоди (со исклучок на трилерот „Metalhead“) ја следат оваа тема, односно што значи да се има опцијата за трансфер на нашите мозоци директно на „cloud“. „Crocodile“ ги разгледува овие опции, слично на начинот кој беше употребен во епизода од првата сезона „The Entire History of You“. „Arkangel“ пак замислува нова технологија која им овозможува на родителите внимателно да следат што прават нивните деца. Трите најдобри епизоди (според мене) од оваа сезона, „U.S.S. Callister“, „Hang the DJ“ и „Black Museum“, најдиректно зборуваат за феноменот претставен во „White Christmas“ – можноста за копирање на човечката душа и креирање на дигитален роб – клон од потсвеста на една личност.

Зошто концептот на копирање и префрлање на нечија потсвест е особено интересен и толку страшен? 

Тоа што за мене ја прави оваа тема језива, е идејата дека технологијата која го овозможува ова всушност се труди да го „реши“ најпопуларното и најсочно човеково прашање на сите времиња: „Дали може да ја измамиме смртта?“. Дали може да ја искористиме технологијата за конечно да најдеме начин за да живееме вечно?

Black Mirror одговара на ова прашање покажувајќи ни дека нашиот обид за да ја измамиме смртта е тоа од што најмногу треба да се плашиме. Тhe „cloud“ (облакот) во Black Mirror во кој се аплоудуваат мозоците е далеку од облаците на рајот, а многу поблизу до дигитална верзија на пеколот. 

Па така, сите приказни на мојата листа на „најстрашни Black Mirror епизоди“ (да, кога станува збор за Black Mirror „најстрашни“ е синоним за „најдобри“), која можеш да ја најдеш подолу, се помалку или повеќе поврзани со оваа тема.

Бонус. Пред неколку недели налетав на бразилскиот илустратор, Butcher Billy, кој има направено насловни страни во стил на ретро стрип од секоја Black Mirror епизода. Уметников успева многу добро да ја прикаже суштината на секоја епизода, користејќи чист винтиџ стил на поп арт. Па затоа, во обид да го зачинам овој напис со малку уметност, ги додадов неговите насловни страни на секоја од епизодите од листата.

Интересен факт: Креаторот на Black Mirror, Charlie Brooker, бил воодушевен со делата на Billy, па го поканил да се вклучи во продукцискиот дизајн на епзиодите од четвртата сезона. Тука можеш да ги видиш делата кои ги има направено за серијата.

 

Листа на најстрашни Black Mirror епизоди:

За подобар ефект, ти препорачувам да ги гледаш на само. Во целосна темница и тишина.

 

White Christmas (S03E04)

 

U.S.S. Callister (S04E01)

 

San Junipero (S03E04)

 

Hang the DJ (S04E04)

 

Be Right Back (S02E01)

 

The Entire History of You (S01E03)

 

Black Museum (S04E06)

 

Comments

comments