ЕУ неделата на програмирање ќе се случува од 6 до 21 октомври, а во нејзината чест за првпат во Македонија ќе се организира „Meet and Code“.

Целта на „Meet and Code“ е децата и младите да се воведат во светот на технологијата и програмрањето. Па, ако сте дел од непрофитна организација (или би сакале да се здружите со некоја со која делите слични приоритети, за партнерски да учествувате) и сакате на младите од 8 до 24 години да им го разгорите интересот за јазикот на иднината, може да добиете помош до 300 евра.

Овие средства се доделуваат за организирање на настан за програмирање од секаков вид (работилница, хакатон, предавање…). Потребно е настаните да овозможат едукација преку забава и на младите да им ги претстават разните можности на ИТ технологијата. Темите пак, би требало да го истражуваат широкото поле на дигиталните технологии и да ги поттикнат учесниците во развој на вештини потребни во современиот свет. Доколку сте заинтересирани, повеќе информации може да најдете овде. Крајниот рок за аплицирање е 15 септември.

„Meet and Code“ е иницијатива на SAP и TechSoup Europe и се спроведува во 22 земји. Организатор во Македонија е Фондацијата „Метаморфозис“.

 

Comments

comments