Ова е текст од новиот серијал во кој нашите другари кои отсекогаш се облекувале подобро од нас ќе ги споделуваат личностите заслужни за нивниот изострен осет за естетика и стил.

 

Од суштинска потреба да се прекрие кожата за да се загрее или заштити од надвoрешни влијанија, облеката прерасна во средство за изразување на ставови, покажување општествени статуси, искажување емоции, препознавање фетиши.

Понекогаш е само школка со која го штитиме нашето интимно поле на постоење. Понекогаш ни е од голема помош да препознаеме „слични на нас“, понекогаш само ни помага полесно да ги забележиме оние со изграден став и оние кои слепо ги следат правилата.

Во денешниов капиталистички свет, модата претставува меч со две острици, таа е една од најголемите машини за создавање на пари, а во исто време константно од неа изникнуваат едни од најголемите гласноговорници против грешките на системот во кој живееме и оние кои преку своите дизајни се борат за рамноправен и еколошки освестен свет, како што тоа го прави Ирина Тошева кај нас. Во тој океан на различни бои и кореви, нуркам длабоко, сè уште барајќи ја совршената маичка во риги, и нови уникатни ликови од кои можам да се инспирирам.

 

 

James Dean

Фризурче, бела маичка, фармерки, кожна јакна и мистичен поглед. Ништо повеќе.

 

 

Roisin Мurphy

Секогаш носи комбинации што го задржуваат погледот. Од футуристички кроеви, луди комбинации на бои и дезени до минималистичка елеганција. Ако сакате да привлекувате внимание на себе, од неа секогаш може да украдете некоја идеја.

 

 

Kurt Cobain

Искинати фармерки, џемпери во риги и oversized, oversized everything. Отсекогаш сум обожавала скинати фармерки.

 

 

Kate Moss

Бунтовна и скандалозна, секоја нејзина комбинација е провокација. Ми се допаѓа нејзиниот glam rock, „I don’t care what anyone think“, стил кој го негува.

 

 

Ана Ежова

Во оваа интернет ера честопати се инспирираме од луѓето од целиот свет, притоа заборавајќи на локалните урбани ликови. Ана Ежова е баш таков лик, секогаш скоцкана во свој филм. Што и да облече го носи како да е создадено само за неа.

 

 

Comments

comments