Иако недела како ден важи за досаден, мрзлив и предвидлив, вчерашниот изненади – не се вклопи во таа шема и изненадувачки излезе од својoт „comfort zone”.

Најголемиот „виновник” за оваа промена беше тимот на Red Bull Македонија, кој потпомогнат од тимот на Reborn, приреди интересно и невообичаено неделно матине во Кантина.

Вчера, на 26 март, се одржа kick-off настан во Кантина со кој се одбележува почетокот на Red Bull Doodle Art натпреварот. Во наредниот период се планираат уште неколку настани кои ќе го следат течението на натпреварот, за во април оваа година еден наш doodle-уметник да се пласира на големото светско првенство.

Иако дождот се обиде да ја расипе атмосферата, неговите обиди беа оценети како неуспешни и слаби. Во тотално опуштена атмосфера се собраа неколку локални doodle цртачи кои без претходни договори, спонтано си го најдоа своето место на белата табла за цртање, го оставија својот печат, се послужија со по некој Kantina Energy пијалок, разменија пар муабети и на крајот среќни и весели си заминаа.

Доколку сакаш и ти да учествуваш во светскиот Red Bull Doodle Art натпревар, прочитај тука, а подолу погледни ја галеријата на фотографии од нашите фотографки Александра и Елена.

 

Фотографии: Александра Костадиновска

 

 

 

Фотографии: Елена Фиданска

 

Comments

comments