Најдобриот период за запознавање со духот, атмосферата и живеачката во Скопје е доцна пролет. Да не речам, рано лето. Еве нека биде тоа – месец јуни.

Јуни е месецот кога Скопје се надминува со понуда на настани од секаков културен калибар, а доказ за овој факт е првата недела од скопскиот јуни која ни понуди повеќе од „само богата програма“. Најверојатно веќе претпоставивте дека зборувам за второто издание на Музеј Дебар Маало (галерија со фотографии тука), на отворањето на летно Сектор и на ОФФест 2018, кој оваа година поштено „си згази“.

Но сепак јуни тука не завршува, а ние издвоивме 6 други настани кои нема да ги пропуштиме овој месец.

 

 

Филхармонија на отворено

7 јуни, Градски Парк

Концерт на фантастичниот и неповторлив Феми Кути во Скопје. Феми Кути, син на африканскиот мулти-инструменталист, музичар и активист Фела Кути, денес со почеток во 21.00 часот, во Градски парк – Скопје, заедно со неговиот бенд „Positive Force“ и Македонска филхармонија, под диригентската палка на Џијан Емин, ќе приредат едно незаборавно музичко концертно искуство за скопската публика.

Влез: Слободен

 

 

 

Skopje Street Festival #6

8-10 јуни, Градски парк Скопје

Искрено веруваме дека нема потреба од детално објаснување за Skopje Street Festival. Добро познатата идеја која за прв пат се роди во 2013, сега шести пат по ред, се одржува во Градскиот парк во Скопје.

На Skopje Street Festival #6 ќе имаме можност да ги погледнеме/слушнеме Чваре, Страјк, САФ, Флудер, Funk Shui и Djaikovski како и многу други активации и ствари поврзани со различни делови од културата и уметноста.

 

 

 

Youth Talks 2030

12 јуни, Младински Културен Центар

Ова прво издание на #YouthTalks2030 е во организација на Go Green – Биди Зелен, младинска еколошка организација која веќе 8 години мобилизира и едуцира млади луѓе за одржлив развој, климатски промени, активизам и демократија и заштита на животната средина.

YouthTalks 2030 е настан за млади од едукативно-забавен карактер кој има за цел да ги поттикне младите да размислуваат за нивната визија за општеството, да ја подигне еколошката свест и да овозможи простор за креативно изразување на иновативни идеи.

На овој настан, 10 млади луѓе (средношколци и студенти) ќе имаат свои говори со цел да ја искомуницираат својата визија за темата која ја одбрале. Најдобрите говорници ќе одат во Луксембург (16 до 26 јули) на меѓународен семинар „Active Change Makers“ на кој ќе присуствуваат и млади од Германија, Шпанија и Хрватска.

Резервирај го своето место најдоцна до 10 јуни на овој линк. Учесниците на настанот со гласање ќе ги изберат најдобрите говорници.

Влез за настанот се 3 празни батерии или нефункционален електричен уред (фен, телефон…)

 

 

 

Morcheeba на Skopje Calling

22 јуни, стадион АРМ

Трип-хоп хероите Morcheeba ќе настапат на 22 јуни во рамки на вториот фестивалски ден на Skopje Calling 2018.

Ова ќе биде прв пат Morcheeba да настапат во целосен состав во Скопје. Morcheeba, на Skopje Calling 2018, ќе ги испорачаат песните од нивниот најнов албум наречен „Blaze Away”, кој ќе излезе во продажба на 1 јуни, но се разбира, и добро познатите синглови од претходно издадените албуми.

Влезници за концертот можете да набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Сè низ цела Македонија и онлајн по цени од 1000 денари партер и 1500 денари за фан пит.

 

 

 

Од збирката на плакат од колекцијата на НГМ

26 јуни, Национална Галерија на Македонија

За прв пат ќе се одржи изложување на збирка на плакат од колекцијата на Национална Галерија на Македонија, а во рамките на одбележувањето на јубилејот 70 години НГМ.

Ќе бидат изложени плакати од првите изложби кои што биле организирани. Како на плакати од петтата деценија на 20 век од самостојните изложби на Петар Хаџи Бошков, како и од основоположничката генерација и од основачите на НГМ, великаните Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димитар Пандилов, Томо Владимирски…

Исто така ќе бидат презентирани плакати од преставувањата на НГМ на Венециското Биенале и плакати од други преставувања во странски културни центри во Софија, Њујорк, Нирнберг и Санкт Петербург.

 

 

 

Алтернативно Скопје #4

29 јуни, Младински Културен Центар

Месец јуни ќе го затвориме со концерт на 6 македонски бендови, пред платото на МКЦ, во организација на Млади за Скопје. Ќе настапат: Angza, Man In a Suit, Conspiracy, Илузија, Morfej и Ambroz.

Влезот е слободен, а донации ќе се примаат за поддршката за бендовите.

 

Comments

comments