Пред прв пат да го посетам Амстердам, мислев дека е преценет. Убав, но преценет. Сега се каам, зашто мислам дека е најубавиот град во Европа.

Да, знам, истово го имам веќе изјавено еднаш за Фиренца, но не повлекувам ниту една од овие претерано-драматични изјави. Зашто двете, Амстердам и Фиренца, се одеднаш најубавите градови во Европа. Тие припаѓаат на две различни Европи, на два различни света, двата подеднакво неверојатни, богати со култура и прекрасни.

Сонувам, но истовремено и се плашам да живеам во Амстердам. Не сум сигурна дали ќе имам доволно сила за секојдневно одново да ја соџвакувам таа убавина, а особено дека нема да можам да им одолеам на најубавите луѓе кои некогаш сум ги видела. Но нашиот храбар другар, Игор Делов, веќе помина долго време во Амстердам, живеејќи, истражувајќи и акумулирајќи идеи и препораки. Во продолжение е дел од предолгата листа со места која тој првично ми ја даде пред да го посетам градот, која ја испробав и исфилтрирав за да ја собере во еден текст.

Ако сè уште не си била во Амстердам, нека тоа биде твојата следна дестинација. А за буџетот не треба да се грижиш, затоа што нашите пријатели од Heineken, моментално имаат наградна игра на која една од главните награди е патување во Амстердам за двајца со вклучени авионски карти, хотелско сместување и посета на Heineken Experience музејот.

Повеќе информации за наградната игра има на крајот на текстот.

 

 

De Foodhallen

Поранешен хангар, неодамна претворен во збир на мали ресторани, ми е омилениот начин на уживање во градови кои нудат селекција на различни светски кујни. Foodhallen е прекрасно место, каде ако се најдеш со екипа, ви ветувам дека сечиј вкус и желба ќе биде задоволена. Јас, не можев да одолеам и лакомо во еден ден јадев кинески бургери, француски мини-тартови и јапонски стрит фуд.

 

 

 

Pllek

Ако времето е прекрасно, па не ти се затвора во Foodhallen, остави го тој за следниот пат и упати се накај Pllek. Ова е еден од најубавите барови во кои сум била. Сместен на плажа, со бинбегс и лежалки насекаде, совршен е за „лабаво“ преку ден, па и за навечер, кога барот за нијанса ја оживува атмосферата со најголемата диско топка во Амстердам.

 

 

 

Roest

Ако ти се допадна Pllek и дефинитивно можеш да се замислиш на уште едно слично место, но би било уште подобро ако е место каде што ќе можеш да „искочиш, искочиш“ – отиди во Roest. Опуштено, повторно на плажа, но за нијанса посоодветно за навечер и викенди.

 

 

 

Stedelijk Museum

Амстердам има феноменални музеи. Пробав да посетам што е можно повеќе од нив, па изгледа и малку претерав, затоа што почнаа импресиите да ми се мешаат. Но најдобро го паметам Stedelijk. Прекрасен музеј за модерна и современа уметност, сместен во неверојатно кул зграда, со музејска продавничка од која ќе ги купиш најдобрите поклони.

 

 

 

Bocca coffee

Ни една листа не е целосна без препорака за кафе-пауза. Без разлика дали си фан на доброто кафе, добриот минималистички ентериер или двете одеднаш, ти го препорачуваме Bocca. Во кафичот ќе можеш и да си купиш вреќа добро несомелено кафе, да си го донесеш назад дома, па да си го продолжиш Амстердам-искуството за некој ден.

 

 

 

Sarphatipark

Имаш онаков ден кога со пиво и салата од супермаркет реши да ги одмориш нозете од изодените километри? Упати се кон паркот Sarphatipark и придружи и се на толпата холанѓани испружени на сонцето. Да, ако имаме нешто дома тоа е сонце, но за жал немаме доволно паркови.

 

 

 

Heineken Experience локации

Во рамки на наградата, патување за двајца во Амстердам, Heineken добитниците ги носи на Heineken Experience тука која вклучува:

 

Посета на музејот Heineken Experience

Ова дефинитивно не е само едно вообичаено музејско искуство. Тоа го сфаќаш уште на влезот каде ти носат кригла свежо точено пиво, со совршен размер на течност и пена. Музејот некогаш бил првата пивара на Heineken, па на почетокот од турата одблиску се запознаваш со историјата на овој познат бренд, како и со процесот на производство. Плус, повторно добиваш пиво. Следуваат 4 ката интерактивни изложби, празник за сите сетила. А на крајот, бар во кој го заокружуваш ова искуството со уште една кригла пиво.

 

 

 

Пловење по каналите до кулата A’DAM

Би било чудно да не ги споменеме. Каналите на Амстердам се неговите артерии, кои те носат до срцевината на градот. Вкупно 165 на број, го формираат ликот на местото. Која и траекторија да ја избереш, нема да погрешиш. Вклучени во Heineken искуството се оние кои од Heineken музејот те носат до А’dam кулата.

Висока 100 метри, кулата ти нуди неверојатна 360 степени панорама од Амстердам. Земајќи во предвид дека во Амстердам и нема баш премногу високи градби (обично се 30 метри максимум), A’dam ќе ти даде навистина непречен видик од врвот. А ако си од оние кои инсистираат на адреналин, тогаш испробај ја највисоката лулашка на светот, која се наоѓа на врвот од кулата.

 

 

 

Вечера во ресторанот De Kleine Valk

Едно малку поинакво лице на Амстердам. Како промена од храната која доаѓа спакувана во кутија и ја држиш во скут на плажа, како дел од Heineken искуството, De Kleine Valk е вистинското место за оние кои се во потрага по малку поинтимна атмосфера со квалитетна, неверојатно вкусна храна.

 

 

Правила за учество на наградната игра на Heineken

Право на учество во наградната игра имаат сите купувачи кои ќе купат пиво Heineken со етикетата „Live Your Music”, во стаклено пакување од 0,33л или од 0,5л, и ќе го испратат кодот кој се наоѓа под капачето преку СМС на телефонскиот број 14 99 14. Цена на секоја порака изнесува 5,9 ден. за СМС со вклучен ДДВ.

Повеќе информации за наградната игра може да најдете на liveyourmusic.mk.

 

Comments

comments