Фотографии: Лилика Стрезоска

 

Да, свесна сум дека нема некој возбудлив предизвик во правењето на мафини, но очекувам да ме разбереш – прв пат спремам десерт.

Сепак, не смееш да ја игнорираш улогата на мафинот во твојот живот, затоа што:

(1) Најверојатно првиот пат кога се трудеше на дечко ти да му докажеш дека #ТеБиваЗаГотвење спремаше мафини, a уште поверојатно е дека ги „утна“, но среќа ти поверува дека секогаш ти испаѓаат добри, освен тој еден пат.

(2) Свесен си за неверојатната иронија-на-мафинот. За нешто што е толку лесно за спремање, се чини како никаде да не можеш да купиш добар мафин.

(3) И да не се лажеме, ама мафинот е неверојатен изговор за да јадеш благо од  сабајле. Никој нема да те суди, поготово ако додадеш во комбинацијата и млеко/капучино, тадаааа – доручек!

Откако се договоривме дека изговорите ми се сосем валидни, прочитај го рецептот што го следев. Добро чуваме тајни, на сите ќе кажеме дека уствари правеше Тирамису. И немој да речеш дека не сум те предупредила, имај на ум дека сината боја за готвење многу тешко се вади од бел ѕид, па кога ќе го матиш шлагот, нека не те мрзи, најди некој подлабок сад.

 

Состојки за 6 мафини:

  • 150 гр. брашно
  • 100 гр. чоколадо за готвење (75гр стопено и 25гр исецкано)
  • 1 јајце
  • 50 мл. зејтин
  • 100 гр. исецкани лешници
  • 75 мл. млеко
  • 2 мали лажички прашак за печење
  • Прстофат сол
  • 100 гр. шеќер

 

sostojki-all

 

Инструкции:

1. Во длабок сад ги додаваш и рачно ги мешаш сите состојки, освен брашното и прашакот за печење. Никогаш не ја мешај смесата за мафини со миксер.

 

step1-c

 

2. Откако убаво ќе ги измешаш, додаваш брашно и прашак за печење.

 

step2-a-copy

 

3. Калапите ги ставаш во садот за печење мафини и со лажица ги полниш. Внимавај да не ги наполниш до горе, бидејќи ќе нараснат, затоа наполни 3/4 од калапот.

 

step3

 

4. Мафините се печат 25 минути во однапред загреана рерна на 180 степени. За да провериш дали се готови – боцни ги со чепкалка за заби, доколку излезе мазна, готови се.

 

step4

 

5. По желба декорирај ги мафините со шлаг во боја по избор.

 

step5-a step5-b

 

Comments

comments