Како што му доликува на секој добар „wannabe” готвач, моите куварски потреби не се задоволуваат со само една супа. Релативно е едноставна за правење, па не е некој предизвик за еден сериозен ученик како мене.

Желна што побрзо да научам сè и понесена од мислите дека ова првото е премногу лесно, а не се ни рачуна затоа што е супа, решив храбро да гризнам голем залак. Се обидов да зговам омлет. Не обичен омлет. Туку омлет со мал твист, многу јајца и возбудлива доза креативност.

Успешноста на овој втор рецепт оставам да ја видите од фотографиите на нашата Лилика Стрезоска.

Потребно:

1. 2-3 компира
2. Една голема главица кромид
3. 8 јајца
4. Спанаќ или друг зеленчук

 

Инструкции:

1. Ги пропржувате крупно исецканите компири заедно со кромидот. Се надевам ќе се снајдете, немаме слика од ова. Откако ке ја спремите смесата на кромид и компир, ќе ја измешате заедно со јајцата и ќе ги оставате во сад да отстојат заедно околу 20 минути.

DSC_1844

DSC_1855

 

2. Пржите сè заедно во специјални тавчиња (треба да се поклопуваат) за да можете да ги превртите. Зеленчук додавате по избор. Ние додадовме спанаќ (лош избор, не препорачуваме).

combo-frittata

DSC_1913
 

3. На изглед беше така-така, ама навистина беше превкусна.

DSC_1988

DSC_1960

 

Не заборавајте да бидете креативни и да експериментирате, така правеле вистинските готвачи.

DSC_1908

 

Comments

comments