Со враќањето на пролетта на сцена, секогаш се активира еден циклус од повеќе прекрасни појави: цвеќињата и дрвјата (тие што патиме од алергија си знаеме), шетања на Водно и во парк, фрлање на зимските чизми, и секако — обидот за враќање на здрава храна (кога сите залихи на ајвар, прасиња, сарми, руски и неруски салати се веќе докрајчени).
Нашето пролетно расположение нé натера овој пат да се решиме за нешто здраво и страшно вкусно. Брзо се прави, намирниците не се скапи и лесно се достапни, и можеби најважно – се мачка на леб.
Потребно:
1. Една тегла наут
2. Една до две главици лук
3. Една мала лажичка сол
4. Три лажици маслиново масло
5. Една до две лажички таан
6. Вода
7. Сок од лимон
8. Црвен пипер, сусам и магодонос (за декорација)
Инструкции:
1. Исцедете ја водата од теглата со наут (не ја фрлајте, додадете ја во блендерот за да не биде смесата премногу густа).
2. Блендајте една до две минути: наут, лимон, сецкан лук, сол, маслиново масло.
3. Додадете таан и вода (за смесата да биде потечна).
4. Префрлете во соодветен сад и зачинете со црвен пипер, сусам и магдонос.
За крај, да ви кажам дека супер иде со темно пиво. Ок, скоро се иде добро со темно пиво. Намалувам на леб / крекери, па сé уште си дозволувам да го етикетирам хумусот (+ пиво) како здрав оброк (по мои стандарди! Не ме осудувај!).