Доручекот е кралица на оброците. Прекрасен е. Можеби е кралица и на други работи. На пола свет?

Не ги потценувам другите оброци, ама суровата вистина е дека ручекот е константен и досаден, а вечерата најчесто ја прескокнувам или се состои од пуканки и три-четири пива (темен Даб во деновите кога се чувствувам посебно лудо).

Сериозно добар доручек можам да си приуштам само за викенди. Тој мора да е вкусен, здрав, да не одзема многу време за подготовка, да можам да го припремам сама и најважно — да изгледа добро за на Instagram.

Третиот рецепт за #НеМеБиваЗаГотвење се решив да биде нешто кое лесно ми го разубува утрото и на кое почнувам да мислам уште претходната вечер пред заспивање. Лесно е за правање, здраво и полно со енергија.

Потребно:

1. Црн леб, интегрален или некој друг вид од оние поздравите
2. Крем сирење или рикота
3. Малку лукче (ако е викендашко утро) за во намазот
4. Едно авокадо

 

Чекорите нема да ви ги објаснуваме, сликите (браво Лилика) ќе ви кажат сè.

DSC_2020

DSC_2026

DSC_2027

DSC_2039

DSC_2033

DSC_2072

DSC_2086

DSC_2123

Уживајте во идејата за здрав доручек и не пијте јогурт ако сте ставиле лукче (испробавме, не е добра комбинација).

 

Comments

comments