После нашите изјави дека почнуваме со здрава исхрана, убави доручеци и протеински оброци, решивме да фатиме кривина на муабетов и да направиме нешто што цел тим сака да го јаде. Бидејќи нашиов тим ужива во бреинстормање, оправдано хејтање и пиење пиво се решивме за нешто што перфектно добро ќе се вклопи во целава приказна. Дали постои подобар избор од фамозните пилешки прсти?

За да не бидеме критикувани дека правиме нешто удавено во зејтин, ние се одлучивме пилешките прсти да ги пржиме на путер. За резултатот може да посведочат самите фотографии, но сепак треба да се пробаат.

Рецептов е за оние петоци кога сте преморени од работа и сакате да се опуштите во вашата омилена фотелја, со добро друштво и секако со Даб.

Пробајте ја оваа формула, дефинитивно дејствува.

Потребно (за двајца):

1. Два пилешки стека (сецкани)
2. Сусам
3. Бело брашно
4. Презла (лебни трошки)
5. Три јајца
6. Путер
7. Сол (по желба)
8. Тартар сос

 

Инструкции:

1. Во еден сад ставете брашно, во втор сад ставете сусам и презла и во третиот сад изматете три јајца.

DSC_4785

 

2. Земете едно парче пилешко и само малку натопете го во брашното за да биде суво, потоа во јајцата и на крај во сусамот и презлата.

DSC_4825

DSC_4830

 

3. На тивок оган во тавче стопете го путерот (гледајте да не поцрне) и ставете го пилешкото.

DSC_4861

 

4. Можете да ги јадете со тартар сос. Можете да употребите купечки, но моја препорака е да си го направите сами — нема да ви одземе повеќе од 5 минути. За домашен тартар сос ви треба мајонез, сецкани кисели краставички и лимон. Секако не заборавајте дека пилешките прсти секогаш се јадат во друштво, а совршено одат со темен/светол перфектно изладен Даб.

DSC_4883

DSC_4885

 

Comments

comments