Фотографии: Елена Фиданска

 

Веќе неколку години по ред изборот на следна дестинација ја правиш заедно со Wizz Air.

Откако ги пуштија летовите за Белгија, шансите се големи дека Брисел се најде на листата на места кои наскоро планираш да ги посетиш. Скоро сме сигурни дека во потрага по добра кујна повеќе би тргнал накај Италија, но дозволи да те разубедиме дека и во Белгија те очекува нешто Инстаграм-соодветно.

Еве, генијален совет – почни од почеток. При само слетување, како за „добредојде“, можеш да се впуштиш во дегустација на неверојатно свежо чоколадо уште на самиот аеродром. А ако некогаш успееш да го напуштиш аеродромот, сигурно ќе ти биде добар филм да јадеш пржени компирчиња во земјата кај што биле измислени. Ако можеби тргна накај Брисел во потрага по живот на висока нога, добар факт е дека Белгија е земјата со најмногу ресторани со Мишелин ѕвезди.

Пред неколку дена, Јавна Соба нè покани да ги испробаме нивните белгиските специјалитети, а верни на традицијата, се разбира, денес го споделуваме со тебе.

 

belgiska-1 belgiska-2 belgiska-3

 

Драг гурману, врзи го појасот и спреми се за куса одисеја низ светот на вафлите, месото и рибата – преку нашиот омилен рецепт, селектиран од #немебивазаготвење и Јавна Соба: Пире од комир на фламингски начин.

Состојки:

  • Пет големи варени компири
  • Четири мали лажички путер
  • ¾ чаша павлака за готвење
  • Еден мал кромид, ситно исецкан
  • Две главици лук, ситно исецкани
  • Четири парчиња праз, исецкани

 

img_8911

 

Инструкции:

  1. Компирите се варат, цедат и се прави пире од нив.
  2. Путерот се топи и се додаваат кромидот, лукот и празот.
  3. По некое време додадете ја павлаката и мешајте десеттина минути.
  4. Исцедете ја мешавината од кромид, лук и праз и половина од течноста зачувајте ја на оган уште пет минути.
  5. Откако сосот е намален за половина, додадете ги најпрвин компирите, па потоа и мешавината од кромид. Вратете го тенџерето на рингла и продолжете да мешате.
  6. Опција плус е на крајот да додадете млеко или павлака.

 

img_8838 img_8957

 

Comments

comments