Фотографии: Е. Фиданска и А. Костадиновска

 

На 5 јуни започнува веќе добро-познатата Недела на храна на Grouper.

Се прогласуваме себеси за „гурмани“. Секој еден од нашиот тим штеди пари за еден ден да јаде во ресторанот на Рене Реџепи, сонува за француски бакарни тенџериња и има внимателно избрана, богата колекција на зачини. Но опсесијата со добро приготвена храна не завршува со долгите ноќи поминати во гледање на „Anthony Bourdain: No Reservations“ и лигавење врз кадрите од римски кантини кои служат свежа Cacio e Pepe паста на полноќ. Ако сè уште не веруваш на сериозноста на нашата пасија, повели пробај ги брускета-бургерите на Диме, тартот со јагоди на Дона и омлетот со сланина и печурки на Бане.

Токму затоа само „недела на море“ може да ни звучи подобро од „недела на храна“. А оваа година, Grouper „Недела на храна” (под слоганот „#СкопјеГурман ти ќе бидеш”) ветува 7 денови, секој посветен на различна тема и исполнет со храна приготвена од 50 ресторани, која ќе ги задоволи и пребирливите јадачи.

Ќе се сложиш со нас – не се верува лесно на ваква изјава, па како што им доликува на луѓе од југот, ги злоупотребивме нашите силни пријателски врски за сами да „провериме“ и да се увериме.

Минатата недела дегустиравме неколку од зделките, па во стилот на самобендисан француски кувар со силен акцент, ти ги препорачуваме следните:

 

 

Паста со школки и салата со козјо сирење од Forza

Кога би можеле, би јаделе секој ден ракчиња за доручек, школки за ручек и лигњи за вечера. За жал, сè додека не се преселиме во некое приморско селце во Норвешка, ќе се радуваме на секоја прилика за јадење на добра паста со морски плодови. Пастата со школки во Forza и салатата со козјо сирње беа одлични.

Погледни ја зделката на Grouper.

 

 

 

 

Суши и суши десерт со овошје од Sushi Co

Не би се ни пожалиле кога наместо во Норвешка, би се нашле на неколку месеци во Јапонија. Обожаваме суши и баш затоа ретко се случува да изјавиме дека некое суши е сериозно добро. Во Sushi Co пробавме и ни се допадна сè, од вегетаријанско суши до суши десерт со овошје, а најголем впечаток ни оставија нудлите.

Погледни ја зделката на Grouper.

 

 

 

 

Њоки и пица во Veneto

Една од кулинарските вештини кои наскоро планираме да ги совладаме е правењето на домашни њоки и тесто за пица. Секогаш би одбиле неверојатно сложен оброк за едноставна италијанска пица маргарита со крцкаво тесто и домашен сос од домати. Пицата и њоките кои ги пробавме во Veneto беа одлични и нè убедија дека ужасно ни треба една долга прошетка низ Тоскана.

Погледни ја зделката на Grouper.

 

 

 

 

Кебапи и хамбургер во Тетекс

Види, може да се лигавиме по школки во бузара и суши колку сакаме, но кога би морале да избереме една кралица на нашата дегустација тоа ќе бидат кебапите во Тетекс. Да, можеби ти звучи сериозно предвидливо, но ќе треба многу да се каеш ако наскоро не јадеш од кебапите и хамбургерите во Тетекс.

Погледни ја зделката на Grouper.

 

 

Comments

comments