После три години The Prodigy ни сервираат нов материјал, албумот „No Tourist“, дело на основачот Liam Hewlett.

„Не биди турист, секогаш е повозбудливо ако скршнеш од зацртаната патека. За нас, „No Tourist“ е пред сѐ за ескепизам, за потребата и желбата од скршнување“. Вака The Prodigy го опишуваат својот нов албум, кој го најавија со новиот сингл и видео спот, „Need Some1“.

Во „Need Some 1“ го слушаме вокалот на диско/хаус дивата, Loleatta Holloway, комбиниран со рејверски ритми и рокерски примеси. Интензивен, валкан, заразен, звучи како доброто од The Prodigy, а сепак најавува нешто ново. Видео спотот, кое го следи звукот на синглот, е сниман во Манила, во режија на Paco Raterta.

 

 

„No Tourist“ ќе биде седмиот студиски албум на The Prodigy, а најавен е да излезе на 2 ноември оваа година. Поминаа цели 28 години откако со „Fat Оf Тhe Land“ го променија ликот на електронската музика. 30 милиони продадени изданија подоцна, делува дека уште имаат што да кажат.

Како потсетување, македонската публика за првпат се журкаше со The Prodigy на фамозниот Т- Фестивал во 1995 година.

 

Comments

comments