На 30-ти март започна снимањето на новиот краток филм „Неонски срца“ во режија на Ана Јакимска, а по нејзино сценарио во соработка со Диана Воинеа од Романија. Снимањето ќе се одвива на повеќе локации низ Скопје во 4 дена.

„Неонски срца“ е современа приказна за еден средовечен геј маж кој живее двоен живот и почнува да се сомнева дека својата „настраност“ ја вовел во семејството.

Со Јордан Симонов во главна улога, на актерската екипа се придружија и Гордана Ендровска, Симеон Дамевски, Симон Палитов, Гзим Жерка и Влатко Илиевски.

Покрај Јакимска, филмската екипа ја сочинувааат Александар Ристески, директор на фотографија, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Милена Атанасова, шминка Ирена Сенокозлиоска, а продукцијата е на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

 

 

Јакимска веќе имаше успех со својот претходен краток филм „Ќе дојдат децата“ кој беше номиниран за најдобар краток игран филм на Меѓународниот филмски фестивал во Шангај во 2017, а беше прикажан и награден на многу филмски фестивали ширум светот. Таа е автор на два кратки играни филмови („Ќе дојдат децата“, „Надвор е ладно“), еден краток документарен филм („Би се викал Барбара“) и неколку музички видеа за македонски артисти (PMG Collective, Foolish Green, Fitz).

 

Comments

comments