Neuland, организаторите на тоа што го нарековме настан на годината 2017, а потоа и на уште голем број други успешни евенти, сега нуди клуб картичка со привилегии.

Картичката може да ја извади било кој и тоа многу едноставно. Хостесите на Neuland постојано се во потрага по заинтересирани идни клуб членови низ кафичите во Скопје, ротирајќи и секој ден стационирани во различен кафич. А откако ќе ги сретнеш, тие самите ќе ти понудат да добиеш клуб картичка на твое име.

Клуб картичката нуди листа на привилегии, која постојатно расте – од попусти за Сектор 909 и влезници за најголемите евенти во сезоната, до попусти во кафичи и ред други изненадувања. За повеќе детали околу бенефициите кои ги нуди картичката може да дознаете на neuland.mk, преку внесувањето на кодот на самата картичка.

 

Comments

comments