NeulandNights продолжуваат овој четврток (20 септември) со „Breeze“.

Ова ќе биде третиот стрим на Pirka, а за првиот веќе зборувавме затоа што едвај го дочекавме. Тоа што нè привлекува кај Pirka е што инсистираат на доживувања кои се повеќе од вообичаена забава, туку целосно уживање на сите сетила, сместено во внимателно избрана локација низ Македонија. Вообичаено станува збор за места во природа, а овој пат малку поурбано – Скејт паркот во Карпош.

Целта на Pirka е селекција на најдоброто од македонската музичка сцена и негова презентација преку стримови и видео емитувања. Моментално тимот е фокусиран на електронската сцена, но со планови за ширење на жанровската застапеност.

Тие себеси се дефинираат како колектив на индивидуалци, кои заеднички творат и креираат со една цел – визуелна презентација на хармонијата помеѓу музиката и природните убавини. Токму затоа концептот на овој евент им го доверивме на нив.

Настанот ќе започне во 21.00 часот и ќе се одржи во Скејт паркот во Карпош. За музиката ќе биде одговорен SoulCase (DJ Бојан Јанев).

///

Ова ќе биде петиот од серијалот на 10 настани (Neuland Nights) во организација на Neuland,  Reborn и Сектор 909 кои ќе се одржуваат на различни локации во Скопје, низ наредните 10 недели. Секој настан има различен концепт, изработен од локален уметник: од арт инсталации и модни шоуа, до дегустација на храна и 3Д визуелизации.

 

Comments

comments