Време е да ја дознаеш вистинската причина зошто летото трае подолго од што треба.

Спротивно на популарното мислење – не е само поради глобално затоплување, туку затоа што за четврток планираме NeulandNight на отворено, на кој ќе се јаде сладолед. Нема да врне, ќе носиме кратки ракави и кожата нема да ни се наежува од секој ладен гриз.

Како што веќе напишавме во насловот, за што побргу да се осигураме дека нема да помислиш дека те каниме на топка сладолед од страчатела, сладоледот кој ќе го јадеме ќе биде различен од сè што имаш пробано досега. Најверојатно нели, зашто сепак има шанси да имаш чичко на Сицилија што продава сладолед со вкус на остриги.

Концептот и сладоледот се дело на кулинарското дуо Аида и Елена, познати како Missy Onion, кои се единствените за кои знаеме дека спремаат (неверојатни) поп-ап вечери во Македонија. Тие за настанот ќе припремат комбинација на храбри вкусови што ќе ја сменат приказната што секогаш ја споделуваме пред новите другари – дека најлудиот сладолед досега што сме го пробале е оној со вкус на ружа.

Вкусовите не ги издаваме, така е поинтересно, но ве чекаме во четврток во Цреша да ги испробаме заедно.

 

Comments

comments