Neuland настаните продолжуваат овој четврток (1 ноември) со „Hexagon“, десетиот од серијалот на забави кои ги нарековме NeulandNights.

Додека се подготвуваме за 10-от настан, погледнете како поминаа претходните девет, овде.

Концептот на 10-от настанот е дело на Edit points (Филип Коруновски и Борче Конзулов), а евентот ќе се одржи во Излет со почеток во 21.00 часот.

Edit points е тим на креативци од Велес кои создаваат видео визуелизации и интервенираат во просторот со истите. Идејата за Edit points настанува откако Филип и Борче одлучуваат да придонесат за визуелниот аспект на електронската музичка сцена во Велес.

Во изминативе две години покрај визуелизациите на клубските настани во Велес, Edit points беа присутни на Бадабум настаните во скопската чаршија, имаа свој настап во Капан ан и на овогодинешното издание на Музеј Дебар Маало.

 

 

Проектот „Hexagon“, кој беше концепциски осмислен и изработен во рок од 40 дена, е фокусиран на новите медиуми и нивните можности. Овој полигонски објект е конструиран од лесна лесонит дрвена конструкција и многу триаголници на кои што се проектираат видеа апстрахирани до функција на движечки апстрактни слики на строги геометриски форми.

За музиката ќе бидат одговорни Uzun Brothers.

 

Comments

comments