Фотографии: Александра Костадиновска

 

Вчера (4 октомври) се одржа „Peculiar“, седмиот од 10-те Neuland x Reborn настани.

Концептот на овој настан беше дело на Сандра Камилоска, односно на нејзиниот бренд Malakamila, релативно нов македонски бренд за облека кој постои од почетокот на 2018. Сандра, преку некласична модна ревија / перформанс ја презентираше својата најнова колекција наречена „Peculiar“.

За настанот дел од Кантина беше привремено претворен во „излог“, зад кој моделите кои ги носеа парчињата од колекцијата беа поставени како кукли. Мебелот кој исто така беше дел од сценографијата беше обезбеден од Think, со исклучок на пастелно сината софа, која е најнова креација на локалниот дизајн бренд, Rinocca.

Одговорен за музиката беше DJ UX.

Во продолжение е галерија со фотографии од „Peculiar“, а во четврток се гледаме на осмото продолжение на NeulandNights.

 


 

Comments

comments