Овој четврток (4 октомври) моден перформанс во Кантина.

Концептот на следниот NeulandNight, е дело на дизајнерката Сандра Камиловска, односно на нејзиниот бренд „MALAKAMILA“. На евентот таа, преку некласична модна ревија / перформанс, ќе ја претстави својата најнова колекција наречена „Peculiar“.

MALAKAMILA е релативно нов македонски бренд за облека, кој својата прва колекција наречена „Woman“ ја лансираше на почетокот на годината. А и покрај тоа што е нова на модната сцена (и има неочекувана позадина во музичко образование и студии на факултетот за безбедност), креациите на Сандра привлекуваат многу внимание во локалната модна сцена.

Колекцијата која таа ќе ја претстави е трета по ред на брендот. Настанот ќе започне во 21.00 часот, а за музиката ќе се погрижи DJ UX (Oubli).

 

 

///

Ова ќе биде седмиот од серијалот на 10 настани (Neuland Nights) во организација на Neuland, Reborn и Сектор 909 кои ќе се одржуваат на различни локации во Скопје. Секој настан има различен концепт, изработен од локален уметник: од арт инсталации и модни шоуа, до дегустација на храна и 3Д визуелизации.

 

Comments

comments