На 17-ти јануари (вторник), ќе биде отворена изложба на проектот „Ничија земја“ на скопското архитектонско студио Stone Design – национален претставник на 15-то Венециско биенале по архитектура 2016.

Делотото познато како „No Man’s Land“, или „Тerra di nessuno“, кое на Венециското биенале (каде вкупно 61 земја ја претставија својата национална архитектура во период од 28 мај до 27 ноември 2016та) беше забележано и пофалено од страна на светските медиуми како designboom и Elle Decor, ќе имаме можност да го видиме од блиску во втората галерија на Музејот на Современа Уметност.

„Проектот се надоврзува на миграциската парадигма и нуди архитектонски илузии, односно град за сите… Цениме дека со овој проект достојно ја задираме суштината на зададената тема [на Биеналето] „Извештај од фронтот“, давајќи одговор на прашањето за припадност и неприпадност која го допира и суштинскиот проблем на јавното и приватното“, изјави Стојан Павлески – куратор на проектот.

 

 

„Набљудувачот, влегувајќи во тунелот низ илуминираната „мала врата“ е конфронтиран со слики и симболи на големите човечки очекувања; град кој е „препознатливо непрепознатлив“, ефемерен како „сон за еден град“, застрашувачките илузии за „земја без граници“ кој праќа повик за претопување во ничиј пејзаж“, продолжи Павлески.

Автори на проектот се Стојан Павлески, Иван Симеонов, Љупчо Тасевски, Ѓорги Радовановиќ, комесар на проектот е д-р Иванка Апостолова, соработници на проектот се Влатко Чавкоски, Натали Павлеска, Ристо Кокалановски, советници на делото се Јован Шумковски и Станко Павлески.

 

 

Comments

comments