Фотографии: Елена Фиданска

 

На 26 март, фанови од целиот свет ќе го одбележат денот на Nike Air Max.

Air Max револуцијата започнува во 1987 година, кога специјализираните тркачки патики стануваат есенцијален дел од спортска опрема за кошарка, тренинг и тенис, брзо прераснувајќи во уникатен симбол на урбаниот животен стил. Денес, после цели 30 години, Air Max продолжува да еволуира.

Доказ за тоа е дека секоја година, спортски ентузијасти љубители на Nike и конкретно на легендарната Air Max линија, продолжуваат да го одбележуваат меѓународниот Air Max Day. Токму по тој повод, секој ден од оваа недела преку нашата Facebook страна, те запознававме со локалните Nike амбасадори и нивните омилени Nike Air модели.

Во Скопје, Air Max Day ќе се одбележи на 26 март, во просториите на Public Room.

Организиран од страна на Nike и Buzz, на овој настан ќе присуствуваат голем број на поддржувачи на „sneaker“ културата, и се разбира сите македонски бренд амбасадори на Nike, кои заедно ќе го прослават триесеттиот роденден на Air Max патиките.

На настанот ќе може да разгледаш стари (колекционерски) Nike Air модели, од пред 15 години со моментална вредност од 2000-3000 евра. Меѓу другото, на настанот ќе биде одвоено и катче во кое ќе може да се информираш за оддржувањето на твоите омилени Nike Air’s. Настанот ќе биде отворен за публиката од 20.30 часот, а за музичката програма се задолжени Brass Brothers.

 

 

Ивана Балабанова // Сопственик на Beatrix Crew и танцов кореограф

 

 

 

 

Ивана Балабанова // Сопственик на Beatrix Crew и танцов кореограф

 

 

 

 

Леонардо Хусеини // Танчар и кореограф во Beatrix Crew

 

 

 

Леонардо Хусеини // Танчар и кореограф во Beatrix Crew

 

 

 

ДЏ Гоце // ДЏ/продуцент и колекционер на патики

 

 

 

ДЏ Гоце // ДЏ/продуцент и колекционер на патики

 

 

 

Едина Муса // Кошаркарка и фитнес инструкторка

 

 

 

Едина Муса // Кошаркарка и фитнес инструкторка

 

 

 

Димитар Атанасовски // Радио водител и маркетинг директор

 

 

 

Димитар Атанасовски // Радио водител и маркетинг директор

 

 

 

Марјана Станојковска // ТВ водителка и модел

 

 

 

Марјана Станојковска // ТВ водителка и модел

 

Comments

comments