Летово за време на Олимпијадата во Рио, Jimmy Butler, кошаркарот на Chicago Bulls го презентираше најновиот модел на брендот Jordan, со ознака XXXI. Бројката ја означува 31-годишнината од претставувањето на нивниот прв модел, Jordan 1.

Најмногу што ми остави впечаток кај XXXI е испишаното Banned на ѓонот на патиката. Со овој натпис Nike ја продолжува својата маркетинг кампања, потсетувајќи нè на историјата на првиот Jordan модел.

 

 

Клучно за секој легендарен продукт, вклучувајќи ги и овие патики, е интересното минато и добрата приказна. Како што вели легендата, кога за првпат Jordan почнал да ги носи патиките, правилата на NBA биле такви дека секој играч морал да носи патики во согласност со униформите и со оние на соиграчите. Исто така, патиката морала да биде најмалку 51% бела. Ова бил тригерот за првиот преседан. Со првите Џорданки биле прекршени правилата на NBA, бидејќи истите биле во црно-црвена комбинација. Поради овој „прекршок”, Nike за секоја утакмица во која Jordan играл со своите Џорданки, морал да плати 5000 долари.

 

 

Но како што реков погоре – сè ова е само дел од маркетинг кампањата на Jordan & Nike. Прашуваш зошто? Се заинтересирав малку повеќе, па решив да прочепкам, да видам што навистина се случило.

Според писмото на официјалните лица на NBA, казната се однесува на периодот октомври 1984, а првите Џорданки во тоа време биле уште во процес на изработка (на пазарот официјално се појавуваат во 1985 година). Понатаму во писмото може да се види дека е дефинирано само која боја е забранета, а не за кој модел станува збор. Што значи дека дефинитивно Nike не биле казнети поради тоа што Jordan носел Џорданки, туку казната се однесувала за моделот Nike Air Ship, кој многу потсетува на првите Џорданки. Модел кој никогаш не е реиздаден во годините подоцна по неговата промоција.

 

 

Во секој случај, брендот Jordan има направено феноменлана маркетинг кампања преку која ја издигнува продажбата и популарноста на и онака мегапопуларните Џорданки.

И сепак на крајот на денот, Џорданките биле и сè уште се патики со кои многу генерации израснале и ќе растат. Денес, после 31 години од излегувањето на првите Џорданки, секојдневно се промовираат нови верзии и бои на првите Џорданки, а нивната популарност продолжува да расте и расте од ден на ден.

 

Comments

comments